Градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов ја информираша штипската јавност дека е во тек изготвување на предлог Буџетот за работа на општината за наредната 2022 година. согласно неговите програмски определби Градоначалникот Јорданов упати повик до сите граѓани да учествуваат во креирањето на Буџетот на општината за наредната година преку поднесување на нивни предлози и проекти за кои сметаат дека се потребни за реализација.
“Од денес до 5 Декември, граѓаните на Општина Штип можат да даваат предлози, проекти и идеи, кои ќе ги инкорпорираме во нашите програми и буџет за 2022 година.
Апелирам, сите кои сакаат да учествуваат во креирањето на локалните политики, да ја отворат веб страницата www.novaidninazastip.mk, каде може да даваат предлози и да гласаат за најинтересните, при што прворангираните десет ќе влезат во нашиот план за 2022 година.
Современата технологија ќе ја користиме за максимална вклученост на граѓаните во процесите на одлучување.”
-соопшти Иван Јорданов- Градоначалник на општина Штип.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот