НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 10, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Градоначалникот на Штип, оставен пред вратата на Акушерското одделение со подароците за првото новороденче во 2022

Пренеси ја вистината

Денеска се случи немил настан во режија на менаџментот и директорот на Клиничката болниоца во Штип, обвини градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.

“Еден убав настан, се претвори во политичко препукување и реваншизам!

Наместо првото новороденче за 2022 година да донесе општа радост и да ги сокрие фрустрациите на Директорот на Клиничката болница, во најлош облик го откри нечовечкото во него.

Иако уредно најавени, со одобрение од дежурниот доктор и родилката, со традиционални подароци за првата среќа во нашиот град за оваа година, сепак по наредба на директорот, некултурно и дрско бевме оставени пред вратата на Акушерското одделение. Односно, наместо раководните лица годинава да смислеа како да се заврши Клиничката болница, наместо да внимаваа да не се изгубат парите за неа, очигледно повеќе енергија трошат како да унесреќат уште еден недолжен сограѓанин и во најсветлите моменти за него!”

-соопшти Иван Јорданов- Градоначалник на Штип.

За авторот на оваа статија