НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
март 27, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Градоначалникот на Велес Марко Колев избран за претседател на Советот на Вардарскиот регион

Во текот на денешниот ден (26.11.2021 година) Центарот за развој на Вардарски плански регион, во просториите на општина Кавадарци, ја одржа Конститутивната седница на Советот за развој на Вардарски плански регион.

На седницата беа верификувани мандатите на новите членови на советот, претставуван од градоначалниците на 9-те општини од Вардарски плански регион.

За претседател на Советот за развој на Вардарски плански регион, беше избран Г-дин Марко Колев, Градоначалник на општина Велес.

На истата седница од страна на советот беше избран и в.д Директор на Центарот за развој на Вардарски плански регион, Г-ѓа Татјана Темелковска, професионалец во креирање и имплементација на политиките на рамномерниот регионален развој и повеќегодишно вработено лице  во стручната служба на Центарот за развој на Вардарски плански регион.

На истата седница беа разгледани и донесени одлуки за повеќе точки од важност за понатамошниот развој на регионот.

За авторот на оваа статија

>