НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 22, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Градоначалникот Пецаков ќе соработува со Универзитетот за туризам во Скопје за развој на Охрид

📌 ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА ОХРИД И УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И МЕНАЏМЕНТ ОД СКОПЈЕ

👉 Денеска склучивме меморандум за соработка со цел да обезбедиме услови за идни партнерства во насока на развој на туризмот. Целта на меморандумот е продлабочување на соработката помеѓу двете институции и овозможување на услови за аплицирање на проекти кои се од заеднички интерес. Меморандумот опфаќа и реализација на практикуми за студенти, организирање на настани од заеднички интерес и подобрување на капацитетите на вработените во општината со реализација на обуки, работилници и семинари од страна на универзитетот.

👉 Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје ќе овозможи и експертска поддршка во сферата на градење и креирање на атрактивни туристички брендови и ќе додели петнаесет стипендии за упис на додипломски студии во академската 2022/2023 година кои ќе бидат наменети за студенти од Општина Охрид. Критериумите за доделување на стипендиите ќе бидат јавно објавени за заинтересираните да може да ги видат и да аплицираат.”

-соопштение за јавноста на Кирил Пецаков- градоначалник на Охрид.

За авторот на оваа статија