НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 3, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Од антиката, Грците се стекнаа со слава како вешти дипломати, морепловци и трговци, а нивната држава, култура и историја секогаш заземаше посебно место на светската геополитичка карта поради нејзината единствена локација и контрола на над три илјади острови. Грција денес го превзема приматот од Турција за столб на јужното крило на НАТО, и Грција денес се претвора во американска тврдина. Настапи моментот – „Звезден час за Грција“. Овој радикален пресврт на Америка кон Грција беше резултат на тоа што во оваа фаза надворешната и националната политика на Турција престана да одговара на курсот на Белата куќа и НАТО во регионот. Грција и покрај финансиската криза и стагнацијата на економијата после 2008 година, не штеди пари за купување на оружје, и е на самиот врв во Европа по издвојувањето на средства за одбраната. Стратешки сојузници на Грција во сферата на одбраната покрај САД се историски Франција и Германија, и од поновата историја Израел и Обединетите Арапски Емирати.

Деновиве Грција ја доби првата пратка од 1 200 борбени транспортери M1117 Guardian од САД во рамките на реализацијата на програмата на Пентагон за подарување на сојузниците на вишокот на воена опрема и техника. Истовремено, во пристаништите Александруполис каде што САД има своја воена база, големиот прекуокеански брод за превоз на возила ARC Independence пристигна со нова пратка оружје за американската воена база и за грчката армија. Во Александруполис САД ќе разместат 120 борбени хеликоптери како и околу 1 000 борбени возила од различна класа. САД во наредниот период ќе модернизираат и ќе расшират 6 воени бази во Грција. Во октомври оваа година Грција објави дека ќе ги модернизира своите 84 ловци F-16 Блок 50/52 до верзијата Viper, најнапредната верзија на F-16. Во наредните 10 години Грција од Франција ќе добие 24 до 44 ловци од 4++ генерација Dassault Rafale F3-R. Плус од Франција Грција ќе добие најмодерно вооружување за своите авиони.

Сенатори во САД до Конгресот на САД доставија барање за предавање на Грција на 24 борбени авиони Ф-35, кои што требаше да ги добие Турција (Турција ги има платено авионите), но поради санкциите од страна на САД, Турција нема да ги добие тие авиони.

На 5 октомври 2019 година, за време на посетата на тогашниот американски државен секретар Мајк Помпео на Атина, двете држави потпишаа нов договор за соработка во воено-техничката сфера (MDCA, или Договор за меѓусебна одбранбена соработка). На 24 декември 2019 година, грчката влада го испрати документот до парламентот на ратификација, што беше направено на 31 јануари 2020 година. Договорот предвидува дека САД ќе можат да ги користат речиси сите воени капацитети во Грција, како и да добијат пристап до нови воени бази. Истиот договор значи и дека САД ќе инвестираат пристојни пари во модернизација и проширување на грчките воени бази и пристаништа за да можат да примаат дури и нуклеарни носачи на авиони, нуклеарни нападни подморници, како и големи десантни бродови. Создавањето на полноправна воена инфраструктура, центри за домување и забавни центри за американските војници подразбира големи инвестиции и нови работни места за Грција [1].

Во септември 2020 година, официјални лица од Вашингтон објавија дека САД наскоро ќе почнат да ги префрлаат своите воени средства од воздушната база Инџирлик во Турција во базата Соуда лоцирана на грчкиот остров Крит. Во исто време, САД најавија дека ќе го прошират своето економско и воено присуство во остатокот од Грција, а земјата ќе има можност да ги купи најнапредните производи на американската воена индустрија, првенствено авионите од 5- генерација Ф-35 и ударно извидувачкие дронови.

Грчкото пристаниште Александрополис е од клучно значење не само за балканската политика на САД: тоа е подеднакво важно и за Кина и за Русија. Факт е дека низ овој регион се поставени сериозни енергетски рути, на пример, овде и интерконекторот Грција-Бугарија и Трансјадранскиот гасовод. Александрополис е важен и за Македонија. Во Александрополис САД и Грција планираат да изградат пункт за прием на танкери со течен гас, кој што потоа би требало да се транспортира ширум Грција, во Македонија, Бугарија, а и низ Балканот. Покрај тоа, Александрополис игра важна улога во однос на морскиот транспорт, бидејќи се наоѓа блиску до Дарданелите под контрола на Турција, кои индиректно го поврзуваат Егејското Море (всушност, Медитеранот) со Црното Море, а со тоа и со Русија. Така, САД сакаат да можат да ги блокираат Дарданелите, да ја заклучат руската Црноморска флота во Црното Море и да ги „отсечат“ руските трговски патишта [2]. Плус САД ќе можат да вршат притисок врз рутата на кинескиот мега проект „Еден Појас – еден пат“ која што минува низ Турција и Грција.

Грчката дијаспора е трета по богатство, влијание и лобирање во САД, а нејзините претставници секогаш имаат високи позиции во американската надворешна политика и во воените оддели, пред се во Пентагон. И во администрациите на Републиканците, и во администрациите на Демократите. Ова е и причината зошто САД и Грција отсекогаш имале добри односи во речиси сите области.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

За авторот на оваа статија

>