Денеска на лице место од браната Калиманци на реката Брегалница своја прес конференција имаше Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој ја алармира јавноста за катастрофално ниското ниво на вода во акумулацијата со што е загрозено земјоделското производство кое што е зависно од водата во оваа акумулација, но и производството на електрична енергија која што оваа хидро-акумулација го дотура во електроенергетскиот систем во државата.
“Хидро акумулацијата Калиманци во моментов има четири пати помалку вода од својот максимум, вода во езерото има само 22% од својот капацитет со што езерото е доведено до раб на пропаст.
Хидро акумулацијата Калиманци има многу важно значење за земјоделството затоа што површините од Кочани па се до Велес се наводнуваат од оваа акумулација.
Но, исто така оваа акумулација има и енергетска вредност затоа што се произведува електрична енергија. Со сегашниот водостој на ХЕЦ Калиманци практично е невозможно да се даде допринос во производството на електрична енергија.
Со тоа се доведува и до знак прашање производната сезона на оризот за идната година, но и целокупното земјоделско производство долж Брегалница.
-Власта целосно ги пресуши хидро акумулациите ширум Република Македонија, кои имаат и енергетска и земјоделска вредност за нашата држава. Со оваа власт езерата се доведуваат до пропаст, а последиците ќе траат и наредните години. Затоа е потребно веднаш оваа власт да замине и да се преземат итни чекори кои што ќе значат зачувување на хидро акумулациите кои што имаат и енергетска и земјоделска вредност за нашата држава.”
Поврзано
Лозарите во тиквешијата трпат огромни штети од нефинкционалноста на системот за водоснабдување
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари