Во тек е снимањето на историски-епскиот филм “Наполеон” на локација кај Морнаричкиот колеџ кај Гринич во Лондон. Режисерот Ридли Скот кој што е заслужен за многу незаборавни филмски остварувања повторно по 22 години соработува со актерот Хоакин Феникс после успешниот историски филмски хит Гладијатор од 2000 година.
Извори кои што присуствуваат на снимањето соопштуваат: “Работата која што е вложена во ова снимање е неверојатна, сцените се сензационални… толку многу посветеност на детали”. Џанти Јејтс кој што е дизајнер на костимографијата и беше добитник на оскар за неговата работа на Гладијатор заедно со Ридли Скот и Хоакин Феникс повторно успешно си ја врши својата работа. Жената на Наполеон Бонапарта Џозефина ја игра актерката Ванеса Кирби.
Во филмнот Ридли Скот ко рекреира обидот за атентат на Наполеон кој што навистина се случил на 24 Декември 1800 година. Кочија полна со барут и камења експлодира а наполеон преживува само поради брзата реакција на кочијашот и поради фактот што атентаторите очекувале дека Наполеон со себе ќе има коњаничка придружба. Првично работниот наслов на филмот бил “Kitbag” што е термин кој што во војничките кругови значи дека секој војник кај себе го поседува она што е потребно за да биде лидер.
Поврзано
“Кога падна на Пирина” е новата обработка на рок бендот Некст Тајм. Најава за премиера
Од супер модел на Израел до светска филмска икона- успехот на Гал Гадот плени со инспирација
За “чудото од жена” Гал Гадот, Клеопатра била Македонска кралица