НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
мај 31, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Христијан Мицкоски со почит на местото каде загинал Даме Груев под врвот Петлец, беровско

Денеска Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со повеќемина свои соработници реализираше посета на местото на погибијата на Македонскиот револуционер Дамјан Груев, под врвот Петлец на Малешевските планини во Берово.

На 23 Декември се навршуваат 115 години од херојската смрт на еден од основачите на Македонската револуционерна организација и нејзин прв секретар, војводата Дамјан Даме Груев. Тоа се 115 години непокор, 115 години незаборав, непребол…. 115 години од погибието на еден од најзначајните Македонски синови кои што егзистирале работеле и се бореле за слободна и независна Македонска држава во илинденската епопеа.

Затекнат во малешевското село Русиново од страна на турски заптии а предаден од сопствениот народ за ќесе жолтици, рано утрото на 23 декември во 1906 година Даме Груев заедно со неговите соборци од четата на Александар Сандо Китанов отвориле славна борба уште над селото Русиново. Овде Даме Груев е ранет во десната нога по што заедно со четниците се повлекуваат кон врвот Петлец на Малешевските планини. Во подножјето на врвот Петлец превтасани од турската потера овде отвараат нова битка каде загинуваат Даме Груев, Сандо Китанов, Георги Карчов и Георги Поп Стојанов.

“Ликот и делото на Дамјан Груев се еден од камен темелниците на постоењето на современата Македонска држава.

Русиново – Петлец 7,5 км. Планина, малку снег, малку сонце, прекрасни луѓе. Во чест на Дамјан Груев.Хероите се бесмртни затоа што живеат во делата. А Македонија, која е дело на нивната борба, пред таквите идеи, жртва и стремеж се поклонува. Денес на Петлец, по 115 години од погибието на еден од основачите на ВМРО и еден од нејзините водачи, Дамјан Груев. Слава му! Неговото дело и борба треба да се вечни, исто како и нашата единствена Македонија.”

-соопшти Христијан Мицкоски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно во селото Русиново Мицкоски со свои соработници се поклони пред споменикот на Дамјан Груев во центарот на селото

-Извор: Брегалнички Портал

За авторот на оваа статија

>