НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 9, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити

Во рамки на денешната расправа во парламентот за предложената точка за избор на Ристо Пенов за нов Министер за локална самоуправа во владата на Димитар Ковачевски, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Христова од Виница пред јавноста ги објасни околностите под кои што се реализира ваквата активност на владата.

Пратеничката Христова ја прозва владата наместо да се занимава со решавање на огромните проблеми на граѓаните и нивните потреби и приоритети, мака мачи да обезбеди кворум за одржување на седница во парламентот и кога тоа го направи на дневен ред става точки кои што се од интерес само на власта наспроти проблемите на граѓаните.

Таа изборот на Ристо Пенов го оквалификува како инсталирање на уште еден послушник на Ковачевски кој за да ги слуша наредбите на челниците на СДСМ и ДУИ ќе треба да биде обесштетен.

Таа ваквата состојба во парламентот ја оквалификува како директна последица на политиките и однесувањето на владата и носечките функционери на СДСМ и ДУИ.

Целото обраќање по однос на оваа точка погледнете го во продолжение:

За авторот на оваа статија

>