НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 9, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

И директорот на ЈП “Патишта и улици”- Скопје ја напушта Данела кај која нема разбирање за клучните проекти за граѓаните

Директорот на Јавното Претпријатие “Улици и Патишта” Скопје Борис Настов си даде неотповиклива оставка на својата функција преку која го подобри работењето на ова јавно претпријатие во изминатите девет месеци.

Реализацијата на предвидените проекти според сега веќе поранешниот директор била уназадувана од страна на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, преку нејзиниот игнорантски однос кон проектите и недостапност за комуникација со своите соработници. Градоначалничката Арсова треба да биде моторот за развој на Скопје а неместо тоа времето за кое е платена од граѓаните го троши во политиканство и јавни препирки со партијата која ја подджа за да стане градоначалник.

“Почитувани,

Најнапред сакам да се заблагодарам за довербата и поддршката што ми беше дадена за да раководам со ЈП Улици и патишта.

Пред 9 месеци, кога станав в.д. Директор на ЈП Улици и патишта, затекнав претпријатие во многу лоша состојба, како финансиски, така и во однос на реализацијата на проектите. Во изминатиот период работев напорно заедно со моите соработници, наспроти сите предизвици и проблеми, за да се подобри работењето на претпријатието, а во функција на исполнување на очекувањата на граѓаните. Мојата мотивација во работата беше реализација на проектите кои им ги ветивме на граѓаните на Град Скопје.

Иако преку спроведните проекти и воспоставените добри практики во работењето на претпријатието многу работи се подобрија, реализацијата на проектите не се одвиваше според моите и очекувањата на граѓаните.

Затоа, ве известувам дека давам неотповиклива оставка на местото в.д. директор на ЈП Улици и патишта. Оваа моја одлука ја донесов како резултат на неадекватната комуникација со Градоначалничката на Градот Скопје, како основач на Претпријатието, како и немањето на разбирање при реализација на клучните проекти од интерес на Градот, а за кои јавното претпријатие имаше можност и потенцијал. Неможноста и покрај сите мои искрени намери и напори да воспоставиме меѓусебно разбирање, соработка и почитување како неопходни фактори за успешна имплеметација на зацртаните проекти и активности на претпријатието, придонесоа кон донесување на оваа моја одлука.

Искрено им се заблагодарувам на сите вработени и соработници во претпријатието кои работеа деноноќно на сите проекти и покрај отежнатите услови на функционирање, секогаш исполнувајќи ги задачите на највисоко професионално ниво.”

соопшти во јавноста Борис Настов- поранешен директор на ЈП “Улици и Патишта” Скопје.

За авторот на оваа статија

>