НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
април 18, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Идеална енергетска бура во Европа

Пренеси ја вистината

Европа во моментот се соочува со идеална енергетска бура, пред се како резултат на зелената агенда, кризата во односите Запад Русија и на кратковидоста на европските политичари. Сега Европа, од Средоземното Море до Арктичкиот круг и до Варшава, се прашува што тргна наопаку и погрешно толку брзо и зошто европските земји се соочуваат со највисоките цени на гасот и електричната енергија во историјата, што доведува до економска штета и можни прекини и замрзнати домови и деловни објекти оваа зима.

Енергетската криза во Европа постојано се влошува, откако Франција изјави дека се соочува со потешкотии околу ремонтот на нуклеарните централи по што цените на електричната енергија на европските берзи продолжија да се искачуваат над 400 евра за мегават час (MWh) во речиси секоја земја на континентот. А Германија изјави дека и покрај историско високите цени на гасот и на електричната енергија, Германија до крајот на 2021 година ќе исклучи од функција три од шесте преостанати нуклеарни реактори. А во 2022 година Германија ќе ги исклучи и преостанатите три реактори, плус ќе затвори голем број на термоцентрали на јаглен. Тоа ќе доведе до енормно намалување на производството на електричната енергија и топлинската енергија во Германија, што ќе доведе до ново зголемување на цената на електричната енергија. Истовремено, со порастот на цената на електричната енергија, расте и цената на гасот на европските берзи, и на 21-ви декември на лондонската берза  ICE достигнаа историска цена од над 2 000 евра за илјада метри кубни. Ширум Европа во функција повторно се враќаат централите на јаглен, а некои европски држави под водство на Франција заговараат нуклеарната енергија да биде вклучена во зелената агенда.

Растот на цените на гасот во Европа се случува во позадината на прекинот на испораките на Гаспром преку гасоводот Јамал-Европа што минува низ територијата на Белорусија и Полска. Гаспром резервира само 21,6 отсто од капацитетите на Јамал-Европа за наредните денови, а исто така одби да купи дополнителни капацитети на украинскиот систем за пренос на гас за јануари. Но Гаспром задоволува само 35% од потребите со гас на Европа. Главни виновници за енормните цени на електричната енергија покрај недостатокот на гас се и тоа што во последните неколку години ширум ЕУ и се даде преголемо значење и се форсираше зелената агенда, затворање на нуклеарните централи, централите на јаглен кои што го обезбедуваа најголемиот дел од производството на електрична енергија во ЕУ Покрај тоа, на Европа и недостасува кохерентна енергетска политика од истата причина поради која не е геополитичка суперсила: институциите на ЕУ ја исклучуваат енергијата и надворешната политика од нивната извршна надлежност. Земјите-членки водат често спротивставени политики за производство на нуклеарна, гас или електрична енергија.

„Постои вистинска загриженост дека ако имаме студена зима, може да имаме прекини на електрична енергија во Европа [1]“,

– го цитира објавувањето на зборовите на шефот на берзата Trafigura Џереми Вир. Според него, за да се избегне одржувањето на високите цени, Берлин би било подобро да го забрза процесот за издавање дозвола за Северен тек 2. Во исто време, одлуката на Германија да прекине со процесот на сертификација се случи во критичен момент, кога се собраа неколку фактори одеднаш: резервите на гас се ненормално мали, и складовите не се наполнети со гас, се случуваат инфраструктурни несреќи ширум Европа, ветровите се премногу слаби за да работат ветерниците, а во Германија и Велика Британија има зголемена потрошувачка на метан. Покрај тоа, зголемената побарувачка за течен природен гас во Азија доведе до повисоки цени во Европа. Како резултат на тоа, сведоци сме на совршена енергетска бура која што ја тресе Европа.

Кризата доаѓа додека голем дел од Европа се подготвува за температури под нулата оваа зима и за екстремно студена зима. Реалната зима во Европа уште не почнала, а најголем дел од Европа не е подготвена за неа. Прогнозите за надминување на енергетската криза не се оптимистички, и има се повеќе и повеќе црни сценарија. Европа ја чекаат тешки времиња, и погрешните политики и потези, најверојатно дебело ќе го чинат европскиот бизнис, и голем број на влади ширум Европа ќе се соочат со гневот на своие граѓани како резултат на порастот на цените на електричната енергија, цените за греење како и растечката инфлација. Енергетската криза ќе го забави економскиот раст и опоравувањето на ЕУ после тешката рецисија предизвикана од Ковид-19 епидемијата. Европа, исто така, планира да премине кон економија со низок јаглерод за да ги исполни барањата од Климатскиот договор од Глазгов од 2021 година. Но, обновливите извори на енергија, како што се ветерот и сонцето, можат да бидат помалку сигурни од фосилните горива, што може да предизвика некои проблеми при транзицијата на економијата.

Европа се коцкаше и Европа загуби. Русија победи и го намалува протокот на гас во Европа, понекогаш и за две третини, а потоа, каприциозно, зголемувајќи го протокот откако ќе се направи штетата – зголемувајќи ги за да ги одржи пазарите во вид и цените и иднината нестабилни. Европа погрешно се обложи на енергетскиот пазар и на спот пазарот за гас, на чекорите на Русија и надешта на енергијата од ветерот и сонцето. Скоро сè што може да тргне наопаку за Европа, тргна наопаку.

Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

За авторот на оваа статија