Потребата за брз економски развој на Брегалничкиот регион за новите градоначаници на општините има највисок приоритет. Од тие причини градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов на самиот почеток на неговиот мандат се зафати со реализација на крупни проектни активности кои одат во насока токму на остварување на овој приоритет за заживување на економијата и финансиската мож на општината и граѓаните.
Денеска тој на терен изврши увид на градежните работи кои подразбираат изградба на нова атмосферска канализација во индустриската зона во с. Таринци.
Од она што не информираше Градоначалникот Паунов, станува збор за општинска развојна зона во која сите парцели се веќе купени од страна на инвеститори.
“Дел од инвестициите се веќе во почетна фаза а уредувањето на зоната подразбира изградба на фекална и атмосферска канализација како и изградба на две улици. Во индустриската зона парцелите се предвидени главно за изградба на фотоволтаични централи, но има и парцели предвидени за изградба на фабрики,”
-соопшти градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов во изјава за нашиот портал.
Притоа тој преку социјалните мрежи ја најави следната фаза за подготовки на теренот за тампонирање и асфалтирање на новите улици
“Продолжуваме со активностите денес се интензивира изградбата на атмосверската канализација во индустриската зона во Таринци, следна фаза е подготовка за тампонирање и асвалтирање. Во Карбинци создаваме нова иднина! “
-соопшти Градоначалникот Паунов преку социјалните мрежи.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот