На прес конференција од собранискиот прес центар пратеничката Соња Михајловска од СДСМ во текот на вчерашниот ден ги објаснуваше мотивите на владеачката партија за приватизацијата на Брзата помош и дека таа и покрај тоа што ќе била приватизирана ќе продолжи да биде бесплатна за граѓаните.
Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија владеачката партија дека преку приватизација на Брзата помош ќе се воведе хаос во и така урнисаниот здравствен систем во државата.
“Денеска во собраниска процедура се измените на Законот за здравствена заштита.
За жал од ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно гледаме деструктивност и неодговорност. Овие две партии повторно го блокираат законот кој е во интерес на граѓаните и здравствената фела.
Лага е дека брзата помош се приватизира во јавните здравствени установи.
Со овој закон се овозможува граѓаните во руралните средини да имаат достапна и постојана здравствена заштита.
Измените на Законот за здравствена заштита во делот со Итна медицинска помош ќе овозможат зголемување на ресурсите на Брзата Помош како и законско регулирање на услугата која со години наназад ја дават приватните здравствени установи.
Законската измена не ги изложува граѓаните на дополнителни финансиски трошоци, туку напротив амбулантните возила на итната медицинска помош на Приватните здравствени установи ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните, односно Итната помош на приватните болници, граѓаните ќе може да ја користат бесплатно.
Опозицијата која беше на власт Итната Помош ја остави со само 5 возила, а лекарите ги доведе на раб на егзистенција па затоа и се случи голем одлив на кадри надвор од земјата.
За овој изминат период освен што оваа влада вложува во опрема, реконструкција на здравствени установи после 70 години, вложува и во медицинскиот кадар. Платите на лекарите ги зголемивме за 40%, а со дежурствата истите се дуплираат.
За сето време ВМРО-ДПМНЕ со помош на Левица блокираат закони кои се во интерес на граѓаните и здравствените работници, меѓу кои и овој Закон за здравствена заштита.
Дали блокадите на Левица и ВМРО-ДПМНЕ се со цел да го заштитат монополот на приватните болници? Тоа треба да го одговорат пратениците на овие партии.
Ние сме изненадени и зошто се коментира за трансплантација која предходно амандмански е повлечена.
За појаснување за измените на Законот ќе се одржи јавна расправа која ја предлага пратеничката група на СДСМ и ДУИ.”
-соопшти пратеничката Соња Михајловска од Делчево.
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити