НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
март 29, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

“Изгорен од ова сонце”- нов сингл на Македонскиот бенд Мизар како најава за нивниот 6 албум

Пренеси ја вистината

Во кризни времиња се создадени најубавите уметнички дела. Македонскиот музички столб забетониран преку името на Мизар на кој се потпира модерниот музички израз во последните 30 години веќе подолго време го најавува својот нов студиски албум кој фановите на Мизар нетрпеливо го очекуваат.

Деновиве на јутјуб каналот на Далас Рекордс која што е една од водечките дискографски куќи во овој регион на Балканот е објавен новиот сингл “Изгорен од ова сонце” на македонскиот дарк-рок-прогресив бенд Мизар.

Ова е трет сингл од новиот албум после сингловите “Галеб” објавен на почетокот на 2020 година и “1903” објавен во 2021 година. Новиот албум треба да претставува 6 албумско остварување на Мизар за кој што веруваме и навиваме да се појави што е можно поскоро.

Музиката на “Изгорен од ова сонце” е на Горазд Чаповски, текстот е на Александар Тортевски а Никола Пијанманов е уметникот кој што стои зад графичкиот израз на видеото.

За авторот на оваа статија