НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 4, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Предизвикана е материјална штета во износ од над 350 илјади денари, проценил вештакот кој што бил анажиран од општина Свети Николе за вештачење на трибините на градскиот стадион.

Изградбата на трибините на стадионот во срцето на овчеполието било направено од изведувач-фирма ангажирана од страна на претходниот градоначалник од редовите на СДСМ, но состојбата на бетонските трибини е на незавидно ниво по самата изградба за што е сведок целокупната јавност.

На изведувачот за овој проект му биле исплатени над 920 илјади денари од страна на општинската каса при што биле градени трибините на стадионот кои што се во сегашната состојба која може да се забележи од фотографиите.

Во врска со целиот случај своја реакција во јавноста упати и сегашниот градоначалник на Свети Николе чиј што текст го пренесуваме во продолжение:

“Во врска со изградбата на трибините на градскиот стадион за што биле потрошени околу 920 260 денари кои биле исплатени на изведувачот , преземавме неопходни мерки.

Состојбата на трибините ја знае целата јавност.

Поради тоа е извршено вештачење од страна на вешто лице кое во своето мислење констатира дека има големи недостатоци поради кои е предизвикана материјална штета во износ од 350 450 денари или 5698 евра, односно една третина од вкупниот износ.

Како резултат на ова покренавме соодветна судска постапка пред надлежен суд.”

-соопшти Градоначалникот Дејан Владев споделувајки извадоци од вештачењето на вештото лице и фотографии од состојбата на трибинните.

За авторот на оваа статија

>