Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска беше на терен во увид на локација каде што се реализира чистење на поголема дива депонија во непосредна близина на индустриската зона во Ѓорче Петров.
Таа уште еднаш ја истакна својата политичка определба дека појавата на диви депонии ќе биде минато во Скопје.
Притоа најави интензивирање на инспекцискиот надзор на терен со цел за ширењето на нови диви депонии да биде сведено на минумум.

“Дивите депонии во Скопје мора да бидат минато. Денеска бевме на увид како се одвива чистењето на депонијата во близина на индустриската зона во Ѓорче Петров. Таму постои континуиран проблем што во вечерните часови се фрла отпад. Сакам да најавам дека започнува засилено работата на инспекциските служби на град Скопје и дека со глоби за фрлање на отпад на јавна површина ќе се казнуваат оние кои наштетуваат на животната средина и здравјето на граѓаните.
Од сите нас зависи во каков град живееме и нема да има отстапки, време е да се стави ред. До 31 јануари ќе бидат исчистени дивите депонии кои ги детектиравме што веќе почнаа да се реализира во голем дел од општините во Скопје, а воедно се работи на системско решение за превенција. “
-соопшти денеска Данела Арсовска- Градоначалник на Град Скопје.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот