НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 7, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Денеска на прес конференција од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ пратеникот Драган Ковачки кој што е и член на Извршниот Комитет на најголемата опозициска партија во Македонија, го алармираше Македонскиот народ за скандалозните состојби кои циркулираат во јавноста во врска со преговорите кои што актуелната власт предводена од СДСМ и ДУИ ги спроведува со бугарските власти. Поради молкот кој што е присутен кај најповиканите за оваа проблематика премиерот Димитар Ковачевски и Министерот за надворешни работи Бујар Османи досегашното искуство со актуелната власт говори дека Македонскиот народ треба да биде подготвен на најлошиот можен исход од преговорите.

Оттука и загриженоста на Ковачки и опозициската партија е на највисоко ниво кои бараат одговори од надлежните согласно нивните определби за транспарентност и јавност на политиките.

“Каков е тој напредок за кој слават бугарските историчари? Од бугарската комисија тврдат дека за Цар Самоил е завршена работа, а Ковачевски молчи. Што точно е прифатено, и кој е договорот за Цар Самоил? Дали тоа е причината на радоста во Софија, а за молкот во Македонија? Ковачевски и Османи преговараат без да ја запознаат опозицијата, Собранието и јавноста. Владата води преговори кои може да задираат во македонскиот идентитет, јазик и историја зад целосно затворени врати.

Jавноста се информира за преговорите од бугарските политичари и историчари и нивните изјави во медиумите и дека Бугарите си ги информираат своите граѓани, а македонската страна молчи.

Доколку Ковачевски е искрен кон народот и кон државата, тогаш ќе побара веднаш писмени гаранции за македонскиот идентитет, историја и јазик и од Бугарија и од ЕУ. Водење на преговорите на ист начин како и до сега, само ќе ги потврди сомнежите дека Ковачевски и Османи тргуваат со македонските национални интереси. Токму затоа Ковачевски да ја информира јавноста што до сега се преговарало и договорило, а Османи да го стори тоа пред пратениците..

За авторот на оваа статија

>