НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 21, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Координативно тело на Мaкедонците во Европа: Анализа на резултатите од пописот, односно отписот

Во врска со резултатите и целата постапка спроведена за време на пописот на населението во 2021 година чии што резултати беа презентирани во јавност пред неколку денови, своја конференција со дебата реализираат претставницу на Македонската дијаспора во Европа и во Светот.

“Во плодна и отворена дискусија, синоќа се одржа најавената попис дебата меѓу Македонците од светот .

Свое излагање и видување имаше и поканетиот гостин од СМК, господин Тодор Петров.

Општ впечаток е дека самиот процес , таканаречен попис, преставува фингиран инженеринг на “владеачката “ северна гарнитура со единствена цел , реализација на нивната наметната агенда во деструкцијата како на македонскиот народ, така и на државата.
Наместо статистички процес , се реализира етнички партиски интерес каде методологијата на Евростат и ООН е заменета со партиско антимакедонско надмудрување .

Секако дека тој процес таканаречен попис е непризнает од Македонците во светот , како и најголем дел од третите опозициони партии , малцинства и интелектуалци.

Единствени задоволни се оние кои што насилно дојдоа на власт во 2017 година , Сдса и албанските партии.

Покрај темата поврзана со пописот, односно отписот, стана збор и за можните решенија за излез од актуелниов политички северен поредок и воспоставување на македонска владеачка гарнитура.

– Се разгледуваше можноста како да се придобие големото не гласачко македонско тело и создавање на трет голем македонски национален политички субјект, што би бил решавачки и одлучувачки фактор во создавањето на секоја идна македонска влада, неуценета од било која друга политичка сила.

– Односот на најголемата македонска партија со Третиот субјект и можностите за обединување околу македонските национални вредности и интереси.

Во секој случај, општ впечаток е неминовно масовно организирање на Македонците и нивно ангажирање во процесот на падот на северната антимакедонска “влада”.

Координативно тело на Македонците во Европа и светот”

Извор: Фејсбук страна на Координативно тело на Македонците во Европа

За авторот на оваа статија