НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 10, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Ковачевски е подготвен да отвори нова страница во односите со Бугарија

Пренеси ја вистината

Мандатарот за состав на нова влада, Димитар Ковачевски во викенд интервјуто за МИА изрази очекување дека со новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков, кој на 18 јануари најави посета на земјава, ќе изгради конкретен и пријателски однос, со реторика меѓу двете држави која ќе биде на високо ниво.

При првата посета на Петков на Скопје, Ковачевски очекува да ги утврдат основите за натамошните разговори и формите на соработка и напредок, но и ширина на дејствување надвор од строго историски рамки и термини.

-Тоа е предуслов да напредуваме. Зближувањето и соработката меѓу двете земји во сите области од животот е важен предуслов за отстранување на сомневањата и погрешните перцепции. Јас сум подготвен да отвориме нова страница во односите со Бугарија и да изградиме искрено пријателство и подобра иднина за двете земји. Треба да се стиши гласот на омразата. Имаме реално повеќе сличности од разлики како држави и мора да се концентрираме на заедничкиот интерес. Само со ваков пристап ќе бидиме запаметени како лидери кои балканските конфликти ги надминале со европски пристап. Преку политика на взаемно почитување, градење иднина, соработка и компромиси, истакна Ковачевски во интервјуто за МИА.

За авторот на оваа статија