Во своето интервју за Македонската информативна агенција МИА Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во поголем дел се осврна на планираните економски политики кои што како иден премиер ќе се фокусира да ги реализира.
„Во фокус ќе биде спроведувањето на успешни економски политики и поставување на ефикасен економски модел за новото време. Владата веќе има поставено одлични економски политики, но за кои е потребен многу подобар систем на имплементација од сегашниот. За таа цел, ќе се фокусираме на систем на работа и исполнување на обврски и превземање на одговорности. Нас ни треба ефикасност, ефективност, позитивни исходи и видливи резултати“ вели во интервјуто Ковачевски.
„Со ваква работа очекувам континуиран раст на вкупната економија со стапки од најмалку 4,6% до 5,9% годишно. Најавувам драстично зголемување на домашните приватни и корпоративни инвестиции и влез на странски директни инвестиции, но многу повеќе нивно поврзување со домашните компании. Ставаме фокус и на намалување на невработеноста која веруваме дека до крајот на мандатот конечно за првпат во историјата на биде едноцифрена. Така ќе ја зголемиле значајно и личната потрошувачка.
Новата Влада и понатаму останува посветена на зголемување на платите и пензиите. Ги правиме последните анализи за времето и висината на зголемувањето на минималната плата, а најавувам и дека наскоро просечната плата ќе ја надмине висината од 500 евра месечно и ќе продолжи да расте.“
-соопшти Ковачевски во интервјуто за МИА.
Што се однесува до даночната политика, Ковачевски потенцира дека таа ќе остане иста со задржување на сегашните даночни и социјални придонеси но најавува промени за зголемување на приходите преку директно намалување на сивата економија.
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити