Во текот на вчерашниот ден попладне на партиска трибина на СДСМ Во Битола премиерот Ковачевски зборуваше за политичките состојби во државата во која тие се веќе шеста година власт како и за состојбите во СДСМ во насока на охрабрување на партиските членови и активисти за да продолжат да работат за партијата и во иднина.
“СДСМ денес е консолидирана партија која повторно е на победничките патеки, партија која успешно менаџира со политичките процеси во земјава, но и со кризата во еден мошне тежок период за целиот свет, не само за нас, најтежок период после втората светска војна. Само пред 10тина месеци не беше така, имавме загубени локални избори, внатрешни поделби во партијата, враќање на ВМРО – ДПМНЕ на локална власт во речиси 50 општини и политичка неизвесност во државата. Сведоци бевме на неколку обиди за политичка дестабилизација, создавање на ново парламентарно мнозинство на ВМРО, рушење на владата и враќање на земјата назад во едно минато време, време на неизвесност и стагнација. Тоа успеавме да го спречиме, денеска не само што нема ново парламентарно мнозинство туку имаме зголемено парламентарно мнозинство, предводено од СДСМ.”
-соопшти Димитар Ковачевски од говорницата пред присутните битолчани и останати гости кои беа дојден во Битола.
Ковачевски од Битола спомна еден досега прикриван факт во јавноста дека тој ги водел преговорите со Бугарија за кревање на ветото кон Република Македонија.
“Кога беа финалните разговори околу т.н француски, односно европски предлог, за почетокот на преговорите со ЕУ, беше можеби најсериозниот политички обид за интерна и надворешна дестабилизација на земјата, не беше лесно да се носат одлуките, особено тешки државнички одлуки, но лидерите треба да водат напред, одлучно кон иднината и да носат тешки одлуки. Затоа што важно е нацијата и земјата да чекораат напред по вистинскиот пат за да имаме сигурна иднина. Јас ги водев разговорите за кревање на бугарското вето. Тие разговори не беа лесни ниту за македонските граѓани ниту за мене. Неколку пати кажав јавно и пред тв гледачите, во тие моменти на преговори целиот тој наратив, сите тие напади кои што се случуваа кај мене, но и кај сите други граѓани Македонци во оваа држава предизвикуваа едно тешко чувство. Јас имав чувство како некој со нош да ми го сече стомакот, но на крајот на денот мора да донесете одлука, одлука со која со крената глава, со заштитен македонски јазик и идентитет ќе седиме на големата маса во Брисел со сите 27 членки на ЕУ и ќе преговараме за нашта иднина.”
-рече Ковачевски притоа не нудејки аргументи зошто -поради кои причини тие преговори кои што тојги водел за кревање на ветото пропаднале и Македонија е повторно заглавена во чекалната на ЕУ и покрај промената на името и уставните промени кои што противуставно и против волјата на граѓаните беше направено.
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити