НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 10, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Ковачки: Кој може да донесе одлука за неутрализирање на одметнат цивилен воздухоплов?

Пренеси ја вистината

Пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој што е еден од врвните воени експерти не само во Македонија туку пошироко на Балканот и овој дел од Европа, вчера на парламентарна расправа во Собранието алармираше за една особено важна безбедносна состојба која што не е соодветно третирана од страна на надлежните служби во државата.

Станува збор за опасноста од одметнат цивилен воздухоплов кој доколку се појави над Македонското небо согласно актуелните состојби на капацитет на Македонија, ќе нема кој да се занимава со ваквиот проблем

Ковачки упати апел до претседателот Стево Пендаровски и Советот за безбедност на Република МАкедонија да дефинира процедура за превенција и надминување на ваква потенцијална кризна состојба во државата.

“Во врска со Договорот за чување на македонското небо со НАТО, односно од страна на вооружените сили на Грција:

1. Небото се чува со воздухоплови и со против-воздушна одбрана. АРМ тие капацитети ги загуби.

2. Доколку има случај на “одметнат” (renegade) цивилен воздухоплов, одлуката за негово неутрализирање останува национална одговорност. Но, проблемот со националниот авторитет што треба да донесе таква одлука е тоа што Македонија таков авторитет НЕМА и не постојат процедури на државно ниво!

Вториот проблем е дали вооружените сили на Грција би извршиле наредба на наш авторитет во случај на неутрализирање на цивилен воздухополов.

Препорака до Совет за безбедност и Стево Пендаровски:- под итно да се донесе процедура во случај на “одметнат” воздухоплов и истата да се достави на разгледување и одобрување во Собранието.”

-напиша Ковачки на фејсбук по однос на ова прашање.

Целата негова дискусија од Собранието со која ги алармираше надлежните во државата може да ја погледнете во продолжение:

За авторот на оваа статија