НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 21, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Ковачки: Ристо Пенов е современик на Бранко Црвенковски и политичкиот метузалем Шеќеринска не може да донесе ништо подобро за граѓаните

Во рамки на денешната расправа во парламентот за предлогот за именување на нов министер за локална самоуправа од страна на премиерот Димитар Ковачевски, своја дискусија имаше и пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој за предлогот на Ковачевски Ристо Пенов да биде новиот министер за локална самоуправа рече дека Пенов е современик на Бранко Црвенковски и политичкиот метузалем Радмила Шеќеринска и како таков не може да донесе значајни промени во лошите политики на актуелната влада.

Драган Ковачки ваквата незначителна кадрова промена во составот на владата го оквалификува како замајување на јавноста додека власта го распродава и она малку што остана од Македонија.

“Додека го распродаваат и тоа малку што осстана од Македонското достоинство, историја и идентитет, владата на нелегитимниот и трајно неспособниот премиер Ковачевски ни презентира уште едно замајување овдека и ни прави дефокус. Денеска сме сведоци на уште едно мачење до бесрај и купи ден продај политика. Во отсуство на визија и стратегијаа на мртвиот пациент наречен Влада 3 на Зоран Заев или влада на ДУИ менаџирана од трајно неспособниот менаџер Ковачевски денеска му ставаат инекција со изминат рок и очекуваат овој мртов пациент да оживее. Што е тоа што може да го подобри Пенов во владата?”

-запраша Драган Ковачки денеска од парламентрната расправа за новиот предлог за Министер за локална самоуправа од страна на Димитар Ковачевски.

Целото обраќање на пратеникот Драган Ковачки од редовите на ВМРО-ДПМНЕ погледајте го во продолжение:

За авторот на оваа статија