НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 30, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

ЛАГ Експо 2022 – прв саем за локален развој во државата

На 23 септември, во културниот дом „Ацо Караманов” во Радовиш, се одржа ЛАГ Експо 2022 – саем за локален развој. Овој саем е прв од ваков тип во нашата земја каде низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од Северна Македонија, Албанија, Србија, Косово и Хрватска ги претставија своите активности и дискутираа за теми поврзани со локалниот развој кои ги засегаат сите рурални заедници. На саемот со свои штандови, производи и активности се претставија и членовите на ЛАГ-овите Бојмија, Беласица-Огражден, Малеш-Пијанец, Абер 2015 и Плачковица.

Целта на саемот е да се презентираат и да се споделат искуствата на домашните Локални акциски групи, како и оние од земјите на Западен Балкан и Европската Унија согласно LEADER пристапот како дел од политиките за локален/рурален развој. Локалните акциски групи, кои беа во фокусот на саемот се непрофитни граѓански организации од приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор и се двигатели на развојот во руралните средини.

Џери Дајбл, претставничка на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Петар Ѓоргиевски, претседателот на Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и на Балканската мрежа за рурален развој како и секретарот на Општина Радовиш се обратија на присутните, ја поздравија иницијативата за ваков саем и ја реафирмираа поддршката за Локалните акциски групи и руралните средини во државата. Присуствуваа и градоначалници на општините од регионот како и претставници од граѓанскиот и приватниот сектор од државата и земјите од Западен Балкан и ЕУ.

ЛАГ Експо 2022 се реализира со поддршка на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија и Балканската мрежа за рурален развој поддржана од We Effect, во соработка со ЛАГ Плачковица.

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 840 милиони долари во Северна Македонија од 1993 година досега. УСАИД е водечка меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до развојни постигнувања. Работата на УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја отсликува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации за работата на УСАИД во Северна Македонија, посетете ја нашата веб-страница https://www.usaid.gov/north-macedonia и следете нѐ на YouTube, Твитер и Фејсбук.

За авторот на оваа статија