НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
март 29, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Лозаро-производителите бараат зголемување и гаранција за откупната цена на овогодинешниот род

Пренеси ја вистината

Во соопштение упатено до јавноста Регионалното здружение “Напредни Лозари” бара итна средба со Министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и надлежните со повеќе точки на дневен ред, меѓу кои најзначајни се барањата за надминивање на проблемите со кои се соочуваат лозаропроизводителите во нивната работа.

Во продолжение интегрално го пренесуваме текстот на нивното соопштение:

“На 26.02.2022 година, Регионалното Здружение „Напредни Лозари“ до Министерот за земјоделие достави Барање за итен состанок кој треба да се одржи најдоцна до 10.03.2022 година. Барањето е доставено и до Премиерот. Во истото баравме, проблемите со кои се соочуваат лозарите а кои се веќе хронични и траат со години,

Министерот со својот тим надлежни од МЗШВ до состанокот да ги разгледа и на состанокот да се произнесат по истите.

Денеска е 07.03.2022 година, три дена до истекот на рокот во кој треба од МЗШВ да се произнесат и во кој рок треба да се одржи состанокот. Во оваа прилика РЗ „Напредни Лозари“ како легитимни застапници на лозаропроизводителите, уште еднаш апелира до Министерот и неговиот тим на сериозноста на проблемот и наведените барања и посочува на рокот. Нема да дозволиме одолговлекување до бескрај односно до почетокот на бербата.

Кон крајот на месец март, РЗ „Напредни Лозари“ ќе одржи вонредно Собрание, кое, како највисок Орган на Здружението ќе донесе релевантни Одлуки за понатамошните активности. Агендата на Собранието ќе биде составена по мерка на одговорот и спремноста на МЗШВ и воопшто Владата на сериозен пристап во решавањето на проблемите и барањата на лозарите. Доколку истата изостане Собранието ќе донесе одлуки во кои ќе бидат вклучени сите сите демократски дозволени средства, вклучително и порадикални мерки. Воедно ги повикуваме сите лозари и добронамерни граѓани на Кавадарци, Неготино, Росоман, Демир Капија, Градско и останатите лозаропроизводители ширум Македонија да ги поддржат нашите напори.Исто така очекуваме поддршка и од надлежните од локалните самоуправи на чело со градоначалниците да застанат зад овие наши барања.

Во прилог уште еднаш ги објавуваме нашите барања од 26.02.2022 година до МЗШВ:

1. Утврдување на технолошката зрелост на секоја сорта грозје изразена во шеќерни единици за да се избегнат можните манипулации од страна на откупувачите што до сега беше пракса. Истата да биде заштитена со закон;

2. Утврдување на реалната цената на чинење на производство на еден килограм грозје за секоја сорта грозје. Во истата да се пресмета растењето на производните трошоци како што се: цената на горивото, цената на ѓубрењето, цената на заштитата на лозовите насади, цената на наводнувањето, цената на работната рака, амортизацијата на земјоделските машини и други трошоци. За овие две точки да бидат вклучени експерти од МЗШВ, професори од земјоделскиот факултет и претставници на лозарите;

3. Утврдување на реалните откупни цени на килограм грозје за реколта 2022 година, посебно за секоја сорта грозје. Реалната откупна цена на килограм грозје да биде сочинета од производна цена на килограм грозје по сорта грозје согласно утврдената технолошка зрелост во шеќерни единици, зголемена за 50% и дополнително зголемување на цените на откупот на грозје согласно порастот на животните трошоци и падот на животниот стандард;

4. Вака формираните цени да бидат гарантирани со закон, но не подоцна од почетокот на месец јуни 2022 година;

5. Изработка на проект за планско производство на грозје по сорти согласно потребите на пазарот и можностите на преработувачките и откупните капацитети, краткорочно за оваа година, среднорочно за наредните три години и долгорочно за наредните пет до десет години

6. Прецизирање и дефинирање на формално-правно издржани и реални кооперантски договори за откуп на грозје во преработувачките и откупните капацитети со квантитативно-квалитативни клаузули во истите. Истите да ги гарантира МЗШВ (Владата) а во мониторингот ЗАДОЛЖИТЕЛНО да бидат вклучени претставници на РЗ „Напредни Лозари“ или од него овластени лица;

7. Субвенционирање на производството;

8. Изработка и донесување на Закон за лозарство и грозје како посебен закон а не во рамките на законот за вино;

9. Други мерки

Благодариме на поддршката

РЗ „Напредни Лозари“”

-стои во соопштението на здружението.

За авторот на оваа статија