НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 9, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Во Луганск, град во регионот Донбас, на полигонот во базата на „Посебниот тенковски баталјон“ на Луганската Народна Армија за нас, групата странски новинари беше организирана презентација на трофејната украинска воена техника, која што војниците на луганската и руската армија ја заробиле од украинската армија, или техниката била напуштена од украинската армија. На полигонот покрај старата и добро позната советска воена техника која што се наоѓала во составот на украинската армија, можеа да се видат и модерни видови на оружје, техника и системи од украинско производство, но и од западно производство, кое што Украина го доби како воена помош пред и за време на војната со Русија.

Покрај интересните видови на оружје, системи и техника, уште повеќе не изненади времето во Луганск. На почетокот на презентацијата на воената техника чисто небо, а во средината на презентацијата започна снежно невреме, и како резултат на тоа испаѓа како фотографиите и видеата да биле сликани и снимени во различни денови.

Огромната воена база се наоѓа на периферијата на градот Луганск. Бажата е опкружена со огромни бетонски зидови и со огромни капии, каде што се разместени контролни пунктови, стражарници со војници и воени кучиња во близина. Внатре во базата има огромен полигон и неколку паркинг плацови на кои што покрај трофејната техника во позадина беше разместена и воена техника на луганската народна армија и на руската армија.

Интересно е дека и во составот на украинската, но и во составот на доњецката и луганската армија, се наоѓаат практично истите видови на оружје, техника и системи, произведени во Советскиот Сојуз. Се разликуваат само по камуфлажата, како и по воените ознаки и броевите. Но факт е дека после 2014 година, Украина сама и на огромната воена индустрија која што и остана во наследство од Советскиот Сојуз, а и со помош на Западот, Турција и Обединетите Арапски Емирати започна со производство на нови видови на оружје, плус како воена помош пред се од Западот, Украина доби огромна количина на различни видови на оружје, системи и техника.

На воениот полигон беа изложени различни видови на тешка воена техника, од тенкови, различни артилериски системи, борбени оклопни возила, борбени транспортери, оклопни возила, командни возила, камиони, болнички возила, па се до различни против-тенковски системи и рачни ракетни фрлачи, и до модерни системи за комуникација по заштитени канали. На почетокот на изложбата на трофејната украинска техника се наоѓаше оштетен ПВО систем од краток дострел Оса-АКМ (9А33БМ3), потоа самоодната хаубица 2С3 Акација од 152 мм и самоодната хаубица 2С1 Гвоздика од 122 мм. Интересно е дека во Советскиот Сојуз, разните артилериските системи биле именувани според разни видови на цвекиња. Покрај овие артилериски системи, беше изложен и заробен тенк Т-64БВ, советски среден тенк, разработен и произведуван во Харковската фабрика за производство на тенкови и тешка воена техника. За време на Советскиот Сојуз, биле произведени 1192 тенкови Т-64 како и неговите модификации. На полигонот беше изложена и заробена украинска БМП-1, борбено возило за поддршка на пешадијата во исправна состојба, што ни беше продемонстрирано на нас новинарите. Истото тоа БМП-1 направи круг околу полигонот. На полигонот беа изложени и борбениот транспортер БТР-70, амфибискиот оклопен извидувачки транспортер БРДМ-2, плус новите оклопни автомобили Козак и Козак 2 кои што Украина после 2014 година ги разработи и произведува заедно со помош на Обединетите Арапски Емирати, Ивеко компанијата од Италија, целата трансмисија на возилата е од Ивеко, плус Турција, односно уредите за комуникаци се од турско производство. На полигонот беше изложено и оклопниот автомобил Новатор од украинско производство, медицинското оклопно возило AT105 Саксон кои што Украина ги доби од Велика Британија како донација, како и неколку различни видови на камиони Краз од Украинско производство, и едно командно возило.

Беше изложена и трофејна техника од западно производство, пред се против-тенковски системи и рачни ракетни фрлачи, плус сателитски системи за комуникација. Ни беше презентиран рачниот ракетен фрлач од типот M141 BDM — Bunker Defeat Munition, кои што САД и ги донирале на Украина, потоа британско-шведските против-тенковски системи NLAW, како и украинскиот против-тенковски систем од 2-та генерација Корсар, како и примитивно украинско беспилотно летало.

Покрај изложените видови на техника и опрема, руската армија заедно со армиите на Луганкс и Доњецк успеале да заробат и други видови на оружје и техника, меѓу кои самоодните хаубици 2С5 Гиацинт-С и 2С7 «Пион, хаубиците Гиацинт-Б од 152 мм, тягачи на базе грузовиков КрАЗ, командните возила за управување со артилеријата 1В18 Клен-1, и радарските станици за артилериско разузнавање СНАР-10 Леопард, реактивните артилериски системи од долг дострел Ураган, Т-64БВ, оклопните возила Варта, борбените транспортери БТР-3 и БТР-4, тенковите Т-80БВ, противавионските системи Шилка и Стрела-10, како и хеликоптери Ми-8 и Ми-24.

Заробената украинска воена опрема и оружје плус оружјето и опремата од западните земји се предаваат на единиците на армиите на Луганск и Доњецк, соопшти руското Министерство за одбрана [1].

Во соопштението на руското Министерство за одбрана се прецизира дека опремата ќе се користи за заштита на територијата и во воени операции против украинската армија. Станува збор за тенкови, оклопни транспортери, системи за противвоздушна одбрана, протитенковски системи Javelin и NLAW и друго оружје што беше заробено или напуштено од украинските војници и припадниците на националистичките групи при повлекувањето.

За да можат да ги користат западните противтенковски системи, војниците на армиите на Луганск и Доњецк поминуваат низ специјални курсеви за обука и преквалификација.

Според официјалните воени претставници на руската армија, но и на луганската и на доњецката армија, од почетокот на војната помеѓу Русија и Украина на 24-ти февруари, на различни правци во Украина, односно во воените зони, се запленети повеќе од 500 различни видови на системи, оружје и воена техника. Сите тие ќе им бидат предадени на единиците на доњецката и луганската армија. Плус Русија ќе им донира оружје и системи. Според представниците на доњецката и луганската армија, после завршувањето на војната, во својот состав, овие армии, кои што најверојатно ќе се обединат, ќе имаат повеќе тешка воена техника, разни системи и оружје, отколку многу европски држави. Но најголем дел од тие воени системи, оружје и техника ќе биде од советската ера.


Пишува: Дарко Тодоровски

Магистер по меѓународни односи и воен аналитичар

За авторот на оваа статија

>