На синоќешната седница на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ по претходно извршен јавен повик и селекција за нова претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ општински Комитет Струга е избрана Маја Мојсоска.
Маја Мојсоска е родена на 26.10.1978 година во Струга.
Дипломирала на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески” – Скопје и веќе 20 години работи во образование како наставник по македонски јазик.
Активен член на партијата е од 2005 година.
Покрај повеќето активности, од 2018 година е претседател на Комисијата за образование и наука на ОК ВМРО-ДПМНЕ Струга.
Во продолжение го пренесуваме личното соопштение на Маја во врска со нејзиниот избор на одговорната функција:
“Почитувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, драги пријатели, мои дами,
Ми претставува чест и задоволство да ве известам дека на синоќешната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ бев избрана за претседателка на Унијата на жени на ОК, Струга. Затоа сакам да искажам голема благодарност до претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, г-ѓа Жаклина Пешевска и до членовите на Извршниот комитет на УЖ за укажаната доверба.Воедно, сакам да и се заблагодарам и на претходната претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, ОК, Струга, Валентина Переска за досегашниот труд и работа.
Освен огромна чест, оваа функција за мене претставува и голема обврска за која што ветувам дека сериозно и целосно ќе се заложам.\
Жената е столбот на семејството и столбот на општеството. Таа му дава живот на целиот свет и затоа, ве охрабрувам сите заедно, единствени и сплотени да се бориме и избориме за подобра иднина на сите нас!За подобра Струга и за подобра Република Македонија!
Силна жена-силна држава!
Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Република Македонија!”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на новата претседателка
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити