НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
април 1, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Македонска Каменица воведува подобрен систем за буџетски приходи и оперативен капацитет на администрацијата

Во текот на вчерашниот ден Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски во присуство на американската амбасадорка Кејт Мери Брнз, потпиша Меморандум за соработка со имплементаторската организација на проект на УСАИД за подобрување на капацитетите на општинската администрација.

Станува збор за проект кој треба да овозможи подобрување на квалитетот на даночните системи, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација и подобрување на способностите на локалните власти за планирање, управување и спроведување на јавните средства.

📢 Нови партнери и подобро општинско буџетирање

Денес, на 6 април 2022 година, Агенцијата на САД за меѓународен развој USAID (УСАИД) ја објави втората група од новите партнер- општини на Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Градоначалниците на дваесет и четири општини потпишаа Меморандум за соработка, со што се придружија кон нашите општини кои сме дел од првата група и се обврзаа за подобрување на квалитетот на даночните системи, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација и подобрување на способностите на локалните власти за планирање, управување и спроведување на јавните средства.

Покрај тоа, настанот опфати презентации за Извештајот за клучните предизвици и препораки за подобрување на процесот на буџетирање и Извештајот за меѓувладините капитални трансфери до единиците на локалната самоуправа. “

-соопшти за јавноста Градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски.

За авторот на оваа статија

>