НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
март 29, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Македонската Заедница во С.Р.Германија со голема огорченост и незадоволство ги отфрлува и негира резултатите од пописот

Пренеси ја вистината

Во врска со објавувањето на резултатите од Пописот 2021 година Македонската зедница во С.Р. Германија до Македонската и светската јавност упати свое соопштение во кое експлицитно стои дека ги отфрлуваат и ги негираат резултатите од истиот.

“По повод објавувањето на резултатите од Пописот 2021 од страна на Државниот завод за статистика, Македонската Заедница во С.Р.Германија, со голема огорченост и незадоволство ги отфрлува и негира резултатите.

Предвидувањата на ваквите очекувани резултати беа истакнати и анализирани во текот и на самата кампања, каде владините деструктивни елементи потпомогнати со најголемата парламентарна опозиција, реализираа процес на етнички наместен инжинеринг наместо статистичка операција со име Попис.

Како главни причини за непризнавање на Пописот се наведуваат:

  1. Попишување во време на пандемија.
  2. Масовното бојкотирање на Македонците во светот и недоверба во системот.
  3. Неусогласеноста на методологијата со пописните стандарди на Евростат и ООН.
  4. Попишување на нерезидентно население повеќе од 12 месеци.
  5. Употребата на странски софтвер без доволна транспарентност на податоците како и
    можностите за технички напади на истиот.
  6. Немањето на никаква надворешна и експертска контрола врз пописот и верификација
    на внесените информации.
  7. Попишување со матични броеви и можноста за попишување на починати лица.
  8. Недовербата и нетранспарентноста на организаторот, како и собраните сто илјади
    потписи на опозицијата за одложување на пописот.
  9. Непопишани над 200,000 граѓани и бришење на македонскиот народ и негово
    претопување во етничка заедница.
    Поради сите овие наведени факти и аргументи пописот се смета за невалиден и
    непризнаен од Македонската Заедница во С.Р.Германија.

Берлин, 31 Март 2022 година.

Македонска заедница во С.Р. Германија”

-стои во соопштението на Македонската ззаедница во С.Р. Германија

а

За авторот на оваа статија