НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 4, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Македонски крвав Божиќ: Ова е цената во убиени Македонци на привидната благосостојба во Титова Југославија

7 јануари 1945 година, првиот ден на Божиќ, по список составен од Лазар Колишевски во Вардарска Македонија се убиени без суд и пресуда 1200 луѓе. На 26 декември 1944 година, неколку дена пред Божиќ 1945 година во касарните во Скопје и Штип се побуниле неколку илјади војници и над 100 офицери. Тие не биле согласни со дојдената заповед од Белград да заминат на фронт во заштита на Србија. Ја изјасниле својата желба војската да се насочи кон Солун, за да се ослободат сонародниците од Егејска Македонија.

Пратениците на Тито, Светозар Вукмановиќ – Темпо, Лазар Колишевски и ген. Михајло Апостолски одлучуваат, дека сега е моментот за пресметка со приврзаниците на “бугарскиот окупатор”. Тие ги собираат околу себе српските офицери и им кажуваат дека побунениците се некакви “бугараши”, “Ванчомихајловисти”, “ВМРО-вци” и “фашисти”. Ген. Апостолски ги примамува побунетите офицери во Офицерскиот клуб во Скопје “за да разговараат за ова прашање”. Таму веднаш ги разоружуваат, уапсуваат и ги затвораат во занданите на старата турска тврдина Кале. По кратко испрашување, водено лично од Темпо само за неколку часа се стрелани над 70 офицери.

Пред испрашувањето Темпо на секој му велел:

“Хочеш Солун, еве ти га…”.

Војниците кои веќе се прибрале во касарните почувствувале дека со нивните офицери нешто се случува и околу 1000 од нив повторно се насочуваат кон центарот на Скопје. Таму се пресретнати од добро забарикадирани српски партизани, кои започнуваат против нив безмилосна автоматска стрелба. Убиените на плоштадот се околу 100, над 900 се уапсени и затворени во Скопско кале. Таму се чуваат повеќе од еден месец без леб, вода и ќебиња. Речиси сите умираат од глад и студ. На 6ти спрема 7ми јануари 1945 година започнало масовно истребување на градоначалници, свештеници, учители, обични селани низ цела Македонија. Тие биле нарекувани “бугараши” и “помагачи на бугарскиот фашистички окупатор”, без суд и пресуда. Се употребувал штотуку изгласан закон за “Заштита на македонската чест”.

Во овие репресии во 1945 година само во Охридско и Преспанско биле убиени околу 23.000 Македонци, а дополнително уште околу 130.000 биле иселени, прогонувани и испраќани во концентрационите логови на Титова Југославија. Голем број се убиени крај Охридското и Преспанското Езеро, на планината Галичица, во близина на селото Отешево, а телата на убиените се фрлени во Преспанското Езеро.

Убиени биле 63 лица во Скопје, 54 во Велес, 48 во Куманово, 36 во Битола, 77 во Штип, 35 во Прилеп, а дури 330 Македонци биле убиени во селото Владимирово, Беровско. Телата на убиените од Велес се закопани зад црквата „Св. Спас“ и крај месноста Пуста Кула.

Според други податоци достапни на интернет ова се бројките на постраданите Македонци за време на овој крвав пир на тогашните власти:

Убиените се во Скопје 63 души,
во Велес – 54,
во Куманово – 48,
во Битола – 36,
во Штип – 77,
во Прилеп – 35,
крај село Владимирово, Беровско – 330 души. 
Крај Охридското и Преспанското езеро, во планината Галичица покрај село Отешево се убиено много луѓе, а телата се фрлани во Преспанското езеро. Во Велес телата са закопани зад црквата „Свети Спас“ и покрај Пуста кула.

За авторот на оваа статија

Generated by Feedzy>