Организацијата Македонски национален совет која што е чадор-организација на повеќе граѓански организации на Македонците во Швајцарија во врска со прогонот на новинарите од телевизијата АЛФА од страна на обвинителството, МВР и судските органи испратија во јавноста свое соопштение со кое се дава поддршка за непречено вршење на новинарската професија и информирање на граѓаните.
“Поддршка за слободно и независно информирање на новинарите од ТВ Алфа
Кога власта е во очај, виновникот најмногу се бара кај оние што ја информираат јавноста за сите злодела и неправилности сторени од неа.Таков е и најновиот случај со притисок и забрана за информирање на ТВ Алфа и нејзините новинари.До кога ќе се толерира ваква тортура врз новинарството и слободата на изразување?
До кога ќе се погазуваат најосновните права на слободните медиуми и новинари од страна на антимакедонската “влада “ а трајно загарантирани со Декларацијата за човекови права, член 19, Повелбата на Европската Унија, Советот на Европа, Организацијата за Безбедност и Соработка во Европа…?
Македонците во Европа и светот се згрозени од ваквите не цивилизациски владини постапки а воедно ја изразуваат целосната поддршка за новинарите од ТВ Алфа, како и за сите оние кои се спречени во извршувањето на ова благородна професија.”
-соопштија од Македонскиот национален совет од Швајцарија.
Поврзано
Нема поубаво! Македонски дечиња од цел свет на Македонски јазик ги честитаат празниците
Ана Дукоска за 27 април: Сметам дека се неправедно осудени и дека се политички затвореници
Македонската Заедница во С.Р.Германија со голема огорченост и незадоволство ги отфрлува и негира резултатите од пописот