Денеска на прес конференција од партиската говорница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во име на . подобрување на перспективата на Македонските граѓани а како резултат на неуспешните и јалови политики на актуелната власт во државата предводена од СДСМ повика на нови предвремени парламентарни избори најдоцна до јуни наредната година.

„Вчера помина и Европскиот Совет на лидерите на ЕУ каде прашањето за датум за преговори со Европската Унија на Македонија не беше ставено на дневен ред. Тоа значи дека државата за жал доживува уште еден неуспех, уште една година празен од на патот кон Европската Унија. Поминаа точно 5 години откако оваа иста влада ветуваше европска иднина, а останавме заглавени во спорот со нашиот источнен сосед. Три години од Преспанскиот договор, а земјата не е мрдната ниту милиметар од она што оваа иста власт ветуваше дека ќе го добиеме, да имаме европско бесплатно здравство, европско бесплатно високо образование, отворени граници со државите на Европската Унија. Четири години откако првиот пат Зоран Заев и министрите излажаа дека сме добиле датум за преговори, и секоја година потоа истата лага дека само што не сме го добиле тој датум, кој што всушност сме го добиле пред три години
Во меѓувреме, Македонија е блокирана и заглавена од комплетно ирационален, новосоздаден и реален спор кој го имаме со источниот сосед.“
-соопшти Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со оваа најнова блокада испаруваат и последните причини за да партнерите во власта кои секојдневно се китат со епитети дека биле дел од власта само за европската перспектива на државава, и понатаму да бидат дел од оваа власт која е јасно дека не не носи кон европска иднина.

„Во состојба кога е јасно дека постојат сериозни проблеми, кога нема начин ниту пак било каква шанса оваа влада нешто да промени, кога генерации повторно се оставени бесконечно да чекаат пред портите на ЕУ, предвремените парламентарни избори се единственото решение за излез од оваа политичка, економска, енергетска, дипломатска, сеопшта криза во државата. Затоа бараме во февруари или март да се формира техничка влада, а во мај – јуни да имаме предвремени паралемнтарни избори и народот да одлучи за иднината на Македонија. Во Македонија е потребен нов импулс, нова сила за реформи, една заедничка платформа, обединување околу нов договор со народот и заедничкиот патриотизам за работите кои му се важни на народот, а кои совршено јасно е дека оваа власт не може и нема да ги донесе. Овде секоја наша лична кариера е небитна, кога најважното е иднината на нашата држава. Апелирам на разум, на одлуки кои ќе се базираат на тоа што е најдоброто за државата и народот. Ова е отворен апел до власта за брзи избори, како единствено решение за излез од политичката и економска криза, и наша обврска за борба за нова иднина кон која сите заедно се имаме обврзано. Воедно барам и општествена поддршка, на поединци но и општествени групи да го поддржат овој наш предлог за избори, да не губиме ниту месец повеќе, затоа што така ќе направиме и општествена мобилизација, силен активизам и партиципација на мудрите глави во ова наше општество на кои им е смачено од потурнување на страна, омаловажување на нивниот труд и угнетувања од себичната власт која се бори за лични интереси. Воедно е одлична можност на новиот претседател на СДСМ кој што планира да биде премиер на идната Влада, да излезе, да се соочи со граѓаните и да добие каков таков изборен политички легитимитет. Доколку победи на тие избори да ја составува новата Влада, во спротивно засекогаш ќе остане за паметење сликата кога му се поклонува на неговиот претходник Зоран Заев. Има можност да се охрабри и да покаже од каков материјал е направен и да ја побара поддршката од граѓаните. Во спротивно ќе остане секогаш во гнездото во кое што седи Зоран Заев, „
-соопшти Мицкоски со што јасно ги оцрта контурите на идното партиско делување на него како Претседател на ВМРО-ДПМНЕ во неговиот втор мандат после изборот на кормилото на партијата на партискиот конгрес во неделата на 12 декември.
Целата прес конференција на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ каде покрај оваа тема одговараше и на новинарски прашања од присутните новинари, погледнете ја во видеото во продолжение:
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити