Денеска во работна посета на Битола беше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој оствари средба со градоначалникот на Битола Тони Коњановски заедно со претставници на Стопанската Комора од Битола каде беа разговарани повеќе теми во врска со можностите и условите за водење бизнис во Битола.
Благодарам, најпрвин ете што сте и денеска со нас, благодарност и до битолчани што денеска овозможија да се случи оваа средба со регионалната Стопанска комора овдека во Битола. Уште во предизборието имавме такви неколку состаноци, разговаравме за тоа кои се нивните објективни проблеми, кои се нивните субјективни проблеми. И уште тогаш кога зборувавме со луѓето од бизнис заедницата рековме дека кога ќе имаме можност ќе сториме се што е во рамките на законите, се што е во рамките на процедурите, тоа што било заглавено, тоа што било закочено поради објективни но и субјективни причини да биде истото одглавено и откочено за да може да се развива и за да може Битола да се развива, а со тоа да се развива и целиот регион. Бидејќи Битола нели е носител не само економската туку и демографската активност во овој регион.
За мене секогаш претставува чест и задоволство кога сум тука, градоначалникот на општина Битола, пратеничката, советникот и останатите присутни кои што беа денеска со нас сведочеа дека ваков состанок можеби и првпат после една деценија се случува овдека во Битола, каде што можеме отворено да разговараме за проблемите и потребите на бизнис заедницата. И на мое лично задоволство неколку од тие проблеми веќе на самиот состанок беа би рекол решени и беа закажани состаноци во текот на следната недела. Забелешките беа дека претходната администрација на Општината била целосно затворена не само за граѓаните туку и за бизнис заедницата, нешто сакаме ние да го промениме и што беше едно од основните наши би рекол заложби за време на кампањата. И повеќе добив информација од 7.000 предмети во постапка на легализација биле закочени, а она што можевме да слушнеме е дека во периодот од следниве две недели повеќе од 1.000 веќе ќе бидат завршени и граѓаните и правните лица ќе го добијат тоа што им следува. Така што очекувам динамичен развој на Битола и да го врати сјајот кој го заслужува, сјајот на конзулски град, тоа што и е“.
-соопшти во врска со средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Целата изјава на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски може да ја проследите во продолжение:
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот