Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицккоски денеска на покана од Градоначалникот Кире Нацков беше во работна посета на општина Градско каде присуствуваше на годишнината од формирањето на општина Градско. Претседателот на опозициската партија присуствуваше на свечената седница на Советот на општина Градско а потоа за јавноста даде изјава пред зградата на општина Градско каде и одговараше на повеќе новинарски прашања. Оттука Мицкоски замина на средби со претставници на бизнис секторот во општина Градско.

“Се заблагодарувам на вашето присуство, денеска сум тука да го одбележиме годишнина од формирањето на општина Градско. Ми претставува чест и задоволство да дадам поддршка секаде онаму каде што сум поканет, воедно и да го честитам мандатот на новиот градоначалник на општина Градско Кире Нацков, да посакам успех, да биде заедно со граѓаните што впрочем тој тоа и го кажа, дека ќе биде човекот кој што ќе слуша и ќе гледа, помалку ќе зборува а повеќе ќе работи, врз основа на тоа што ќе слуша и ќе ги гледа потребите на граѓаните на општина Градско, која што не само што претставува центарот на Македонија туку претставува центарот на Балканот. Уште еднаш нека им е честита годишнината и во новата година да посакаме сите ние пред се здравје, среќа, успеси на жителите на општина Градско но и на сите граѓани на нашата Македонија.”
-соопшти Христијан Мицкоски во својата изјава за јавноста од пред зградата на општина Градско.
“Оваа влада предводена од Зоран Заев и СДСМ е влада која сериозно го загрози евроинтегративниот процес на Македонија со авантуристичката политика кој а ја води во дипломатијата и за жал се наоѓаме сега во оваа ситуација. Народот ова не го заслужува, туку заслужи да се отпочнат преговори со ЕУ, бидејќи само тоа е начинот да докажеме дека сме компетативни и дека заслужуваме место на иста маса рамноправно со земјите од ЕУ, “
-изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во врска со новата блокада од Бугарија.

“Националните отстапки кои се на понуда од Заев и оваа влада, гледаме дека немаат крај , бидејќи и барањата на нашиот источен сосед исто така се големи и практично се резултат на авантуристичката политика која ја има нашата влада изминативе години.
Сега има нови предлози за преговори од 6 месеци, нови разговори на ниво на комисии, но никој не ја кажува вистината, а вистината откако поинаку беше протолкувано на новиот бугарски премиер ја кажаа неколку бугарски политичари меѓу кои Џамбаски кој е најголем македономразац на Балканот и тие кажаа што лежи позади блокадата. Тоа е дека ја сметаат Македонија за втора бугарска земја и дека се додека не биде делумно или целосно усвоена бугарската резолуција ние нема да добиеме можност да почнеме преговори со ЕУ
Се останато е авантуризам и нарушување на преговарачките позиции, колку повеќе коленичат Заев и Османи, толку поголеми ќе бидат барањата на нашиот источен сосед.
Не е европска вредност и дипломатија ако коленичите, туку треба да покажете став и да се држите до црвените линии. Треба да работите и дома да има ниско ниво на криминал, а не да ви фаќаат по еден тон дрога како се шверцува, да може да има инвестиции, економија која оди напред, компетативно образование, реформиран здравствен систем,”
-соопшти за јавноста Христијан Мицкоски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити