НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
април 18, 2024

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Мицкоски: Поскапувањето на бензините е жесток социјален удар врз граѓаните

Пренеси ја вистината

Во врска со последните големи поскапувања кои удрија по семејните буџети на сите граѓани во државата своја реакција во јавноста упати Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.. За лидерот на најголемата опозициска партија директно одговорна за ваквата лоша состојба е владата на СДСМ и Димитар Ковачевски како резултат на нивната неспособност.

“Власта јавно кажа дека знаеле за агресијата врз Украина пред 4 месеци, што значи дека одговорна власт би се подготвувала за ценовен и економски шок.Но, тие пропуштија да се занимаваат со тоа што е најважно за граѓаните, нивниот стандард.

Она што денес се случува во Македонија не е одраз на војната во Украина, туку последица на неспособната Влада.

Поскапувањето на бензините е жесток социјален удар врз граѓаните во секој поглед, врз вработените, невработените, земјоделците, индустријата, стопанството. Не е време за изговори. Владата итно да се откаже од половина од акцизата која ја добива од горивата и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој е заглавен низ собраниските лавиринти за намалување за 50 проценти на акцизата. 43% од цената на бензините се давачки кон државата за секој литар гориво. Да се намали ДДВ за храна. Наместо 5 проценти даночна стапка за храна, да е нула проценти и бараме за парното да се намали на нула.

ДДВ-то на електричната енергија до крај на годината да остане на исто ниво на 5%И многу важно, раст на платите во јавниот сектор преку усогласување на коефициентот на тежина на работната сила со веќе договореното со колективните договори.”

-соопшти во својата писмена реакција упатена во јавноста Христијан Мицкоски- Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Пари во буџетот има, нека престанат да крадат, нека се стопираат непродуктивните трошења, набавките за златни чинии, нека се контролираат јавните трошења.

За авторот на оваа статија