НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
7 децембра, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Миленичка на новите генерации филмофили- Марго Роби во целиот нејзин сјај само на 31 година

Марго Елис Роби е родена во 1990 година во Квинсленд, Австралија каде ги поминала детските денови. Таа е австралиска актерка и продуцентка која што во тек на нејзината досегашна кариера има две номинации за Оскар, три награди Златен Глобус, пет награди за ТВ актерство и пет награди на Британската филмска академија.

Во 2017 година магазинот Time ја вброи Марго Роби во 100 највлијателни личности во светот а според Forbes таа во 2019 година беше вброена во листата на најдобро платени актери. Марго Роби својата актерска кариера ја започнала на своја 18 годишна возраст на ТВ екраните во серијата „Соседи“ и серијата Pan Am во периодот 2008-2012 година. На големото филмско платно Марго Роби свој прв пробив го доживеа со филмот „Волкот од Вол Стрит“, по што следуваа улогите на Џејн Портер во „Легендата за Тарзан“ и Харли Квин во „Самоубиствениот одред“.

Во видео прилог на Британскиот Вог Марго Роби во јавноста претставува што се содржи нејзината секојдневна чанта која е вид на ранец од брендот Шанел.

По она што може јавноста да го види од содржина на нејзината чанта станува збор за нормална млада жена која што не отскокнува многу од просекот на сите жени во светот

Марго Роби доби позитивни критики за улогата во која ја портретираше Тонја Хардинг- посрамотена уметничка лизгачка во филмот „Јас Тонја“ во 2017 година за која доби и номинација на американската филмска академија за Оскар. Номинациите за оваа престижна филмска награда продолжија и со наредниот нејзин филм Мери кралицата на шкотите во 2018 година. Таа ја глуми Шерон Тејт во филмот на Квентин Тарантино „Беше еднаш во Холивуд“ каде глумеше покрај Леонардо Ди Каприо и Бред Пит во 2019 година. Исто така Марго Роби брилираше во својата улога во филмот Бомбшел во 2019 година.

Оваа актерка е позната во светски рамки по своите блескави улоги во холивудските блокбастери но и по нејзината работа на независни филмови. Марго Роби е свески позната личност која што покрај нејзиниот уметнички раскош се издвојува и по својот претприемачки дух и е една од највлијателните жени во светот во филмската индустрија но и воопшто помеѓу најмоќните жени во светот на нејзина возраст од само 31 година.

Во продолжение погледнете ја нашата компилација на фотографии кои што ги издвоивме за претставување на нејзиниот блескав лик пред нашата публика:

За авторот на оваа статија