Денеска по повод пуштањето во употреба на новиот градски пазар во Кавадарци Градоначалникот Митко Јанчев даде изјава за јавноста.
Новиот градски пазар во срцето на тиквешијата е на три нивоа со 6900 м2 површина со 140 паркинг места, 170 тезги за пазарње по ХАСАП стандарди и 18 продажни места за месо, млеко и риба.
“Денеска после 10 месеци изведба, успеавме да го отвориме градскиот зелен пазар, нов зелен пазар. За првпат изграден во општина Кавадарци после 60 години.
Задоволство е на наша страна, како локална самоуправа и пред се како градоначалник.
Заедно со советниците и со граѓаните на општина Кавадарци успеавме овој зелен пазар за десет месеци како што кажав да биде изграден. И тоа на три нивоа, по 2.300 м2, со 140 паркинг места, 170 тезги за пазарење соодветни по ХАСАП стандард, и 18 места за продажба со 6 разни либертини во делот на риба, месо, млеко и млечни производи.
Така да денеска сакам да го поздравам и претседателот, господинот Христијан Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ за неговото присуство.”
-рече Митко Јанчев Градоначалник на општина Кавадарци.
И сакам да кажам дека е ова една сериозна градба и една капитална инвестиција која што за жал во Република Македонија е се помалку се случува. И ова нека биде предизвик да почнеме да се движиме и напред и како држава, меѓутоа и како општина каде што во текот на наредниот период ќе објавиме уште две сериозни капитални инвестиции.
Општина Кавадарци е во добра кондиција. Општина Кавадарци е во прави раце, и мислам дека со развојот ќе стигнеме до една општина каде што ќе имаме ниво на град од европски тип.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот