НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 9, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Советот на Општина Кочани денеска ја одржа првата конститутивна седница, на која беа верификувани мандатите на деветнаесетте нови членови, а за претседател, со десет гласа „за“, беше избран Лазо Митев.

–  Ви посакувам успешна работа и очекувам при донесувањето на одлуките да се раководите од јавниот интерес, а не од личните и партиските интереси – истакна во своето прво обраќање претседателот Митев.

На првата седница, по предлог на Комисијата за мандатни прашања, беа формирани 11 комисии: Комисија за комунални работи, планирање, уредување на просторот и заштита на животната средина и на природата; за култура, образование, спорт и права на децата; за месна самоуправа и граѓански иницијативи; за здравство и социјална заштита; за статут и прописи; за прекугранична соработка; за финансии, буџет и локален економски развој; за сообраќај, јавна безбедност и противпожарна заштита и за еднакви можности на жените и мажите.

Следната седница на Советот е закажана за в понеделник, 14 ноември 2021 г., кога на дневен ред ќе се најде и ребалас на Буџетот на Општина Кочани.

Извор: Општина Кочани

За авторот на оваа статија

>