На 12.06.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 63 возачи. Од нив, 38 не користеле заштитна кацига за време на возење, 12 управувале мотоцикл без положен возачки испит, односно без возачка дозвола, тројца мотоциклисти биле санкционирани за измината важност на сообраќајната дозвола, а исто толку за изминат рок на важноста на осигурителната полиса, две мерки се преземени за управување на нерегистриран мотоцикл….
При акциската контрола констатирани и соодветно санкционирани се и 19 останати прекршоци.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Извор: МВР
Поврзано
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари
Христова: Преку Пенов владата ќе добие уште еден послушник, за да ги задоволи неговите апетити