НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 4, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

На 12 декември СДСМ ќе добие нов претседател. Дали тој ќе се одвои од влијанието на Зоран Заев или ќе продолжи по истиот пат?

Синоќа на седниците на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ зад затворени врати беа донесени повеќе значајни одлуки за идниот политички развој на настаните во партијата но и државата.

По завршувањето на седницата на Централниот одбор портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска излезе на прес конференција на која ги објави точките за кои што било дискутирано и биле донесени одлуки за понатамошно спроведување.

“Вечерва на седниците на извршниот и централниот одбор на СДСМ беа донесени важни одлуки за иднината на државата и функционирањето на партијата. Со едно минудно молчење беше оддадено почит кон жртвите на трагедијата која што се случи во Бугарија. Зборувајки за актуелната состојба, предизвиците кои што се пред граѓаните, ЦО оцени дека државата надлежните институции со полн капацитет се справуваат со предизвиците од енергетската криза и сите потребни мерки и одлуки ќе бидат во оваа функција. Државниот буџет е ликвиден и во него има сретства да се помогне енергетскиот сектор, граѓаните но и да се спречат ценовни шокови. Во однос на пандемијата и заштитата на здравјето на луѓето фокусот на надлежните институции да превземат чекор за дополнително мотивирање и охрабрување што повеќе граѓани да се вакцинираат.

Буџетот за 2022 година кој сега е во собранието е развоен и обезбедува повеќе пари за инвестиции во клучните сектори, економски раст и истиот очекуваме да биде донесен од страна на собранието без опструкции. Осврнувајки се на задолжението што го доби на минатата седница на ЦО, Претседателот Заев информираше дека парламентарното мнозинство е стабилно, дека во моментот изнесува 61 пратеник и дека очекува да се создадат можности за дополнително да се зголеми. Тоа е важно за задржување на европскиот курс за државата и предизвиците во периодот пред граѓаните.

Централниот одбор смета дека има простор за приклучување на партијата Алтернатива врз основа на принципи, вредности и програмски за тоа останува пренесената надлежност на претседателот Заев.

ЦО на СДСМ вечерва констатираше дека со поднесената оставка на претседателот Зоран Заев од челната функција во партијата потребно е да започне процес за внатрепартиски избори. Во оваа насока ЦО донесе одлука за распишување и спроведување на внатрепартиски непосредни избори за претседател на партијата. Изборите ќе се одржат на 12 Декември, ден недела. Постапката за кандидирање започнува утре и ќе трае 7 дена а право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите согласно Статутот на партијата. Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои што активно ќе се регистрираат преку онлајн алатката. Активната регистрација започнува утре и ќе трае 7 дена за што соодветно ќе ја информираме јавноста. По изборот на Претседател следува и избор на ново раководство на партијата.”

-соопшти Богданка Кузеска во врска со синоќешните одржани седници на ИО и ЦО на СДСМ.

За авторот на оваа статија

>