НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 21, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Најава за протест против изградба на висококатниците во центарот на Скопје

Во понеделник 06.12 2021 година со почеток во 16.00 часот пред зградата на Јавното обвинителство во Скопје ((Кеј на Вардар кај Филхармонија)) ќе се одржи јавен протест против изградбата на висококатниците на паргингот пред Холидеј Ин во центарот на Скопје.

Протестот е во организација на граѓанската организација Зелен Хуман Град со повеќе барања во врска со стопирање на изградбата нма трите повеќекатници во строгиот центар на Скопје.

“Во Македонија годишно умираат повеќе од 3.500 луѓе од загаден воздух! Ако се дозволи изградбата уште повеќе ќе се спречи струењето на воздухот што ќе резултира со уште поголемо негово загадување и дополнително ќе се влоши квалитетот на живот во центарот на Скопје. Центарот ќе биде парализиран од сообраќаен метеж и луѓето што живеат и работат во близина нема да може да ги извршуваат секојдневните обврски!

📣 Најавуваме ПРОТЕСТ следниот ПОНЕДЕЛНИК ВО 16:00 пред јавното обвинителство (Кеј на Вардар кај Филхармонија).⚠️ Бараме:
1. Запирање на градежните активности поради сомнеж за корупција и злоупотреби на службената должност ВЕДНАШ!
2. Јавното обвинителство најитно да се произнесе по иницијативата од Државната комисија за спречување на корупцијата.
3. Владата да одвои средства од централниот буџет доколку О. Центар нема доволно за новомаалци да добијат решение и излез од нехуманите услови во кои живеат.
4. Советот на Општина Центар најитно да го изгласа елаборатот за суспензија за натамошно спроведување на овој ДУП.
5. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам најитно да спроведе надзор врз основа на претставката поднесена од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД.
6. За локацијата да се распише меѓународен конкурс со кој ќе се гарантира зелено и хумано решение.”

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на организаторите на протестот.

Извор: Фејсбук

За авторот на оваа статија