НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
декември 3, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

На денешен ден е роден Македонскиот револуционер и публицист Владислав Славчо Ковачев

На денешен датум 5 јануари во 1875 година во Штип е роден Македонскиот револуционер и публицист Владислав Славчо Ковачев.

Израснат во тиранијата на залезот на Отоманската империја, но и под ударот на жестоките пропаганди на соседните држави, Ковачев уште од мал бил задоен со идејата за ослободување на МАкедонската држава. Славчо Ковачев припаѓа на интелектуелното крило во ВМРО. Во периодот пред Илинденското востание тој како и сите напредни македонски интелектуелци се посветил на свое образование. Завршил воено училиште во Софија и членувал во Врховниот Македонско-Одрински Комитет пред востанието. Во 1910 година во Париз завршил правни студии а докторирал во Брисел. Тој е еден од основачите на Македонската Емигрантска Федеративна Организација а бил и уредник на весникот Автономна Македонија.

Ликвидцијата на Славчо Ковачев била извршена од штипјанецот Мирчо Кикиритков кој што бил приврзаник на ванчомихајловистите.

Вечерта на 12 септември 1924 година на состанокот во куќата на Иван Михајлов од страна на домаќинот биле издадени наредбите за ликвидација на приврзаници на левицата во ВМРО-т.н. санданисти. Оваа вечер во историографијата е позната како Вартоломејска ноќ кога бил завземен тек на настани кои ќе го одбележат најмрачното и најкрвавото поглавје од егзистенцијата на Македонскиот народ а тоа е братоубиствената војна поради идеолошки причини. Од страна на Иван Михајлов Славчо Ковачев бил дефиниран како предавник.

Убиството на Славчо Ковачев се случило на 13 септември пред неговата куќа пред очите на неговите деца.

За авторот на оваа статија

Generated by Feedzy>