На денешен ден 21 декември во 2014 година на 44 годишна возраст почина актерот Васил Шишков.
Син на големиот Ристо Шишков по потекло од Мрсна, Серско – Егејска Македонија (денешна Грција), цел живот го помина во сенката на страдањата во животот на неговиот татко но и монументалноста на неговиот актерски блесок.
И самиот Васил како и неговиот татко беше бунтовник кој не трпи неправди со голем карактер и огромна емотивност. Неговиот актерски талент бешее несомнен, но перипетиите во животот кои ги наседи од неговиот татко овозможија Васил да биде растргнат од сеништата на минатото на неговото семејство.
Васил Шишков има играно во голем број на ТВ серии, филмови и театарски претстави: Викенд на мртовци (1988), Македонија може (1991), Еурека (1993), Бог да ги убие шпионите(1993), Тврдокорни (1993), Пред дождот (1994), Бумбари (1994) Адска машина (1995), Во светот на бајките (1995), Џипси меџик (1997), Светот има осум страни (2000-2001), Прашина (2001), Стрмоглави (2006), Мост (2006), Сенки (2007), Патување со рабробус (2007), Мајки (2010), Максим (2012) и во Македонски народни приказни ( 1992, 1995, 2010-2011, 2014)
Негова последна театарска претстава беше Вечната Куќа во која Васил ја толкуваше улогата на сопствениот татко Ристо.
Нека му е вечна слава.
Во чест на Васил Шишков во продолжение го пренесуваме ТВ филмот “Бог да ги убие шпиуните” од 1993 година снимен за МТВ.
а
Поврзано
Јонче Христовски е бележит репрезент на душата на Македонскиот народ. Горди сме што го има(в)ме
На денешен ден во 1865, прилепско е роден Македонскиот револуционер Ѓорче Петров
Македонска бесмртност: Тешкото- оро за тешкиот живот и надежта за подобра иднина на овој народ