НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 21, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

На денешен ден пред 78 години ѕверски биле мачени и убиени Мирче Ацев и Страшо Пинџур

На 4 јануари пред 78 години во Скопскиот затвор, по повеќедневно сурово мачење без судски процес од страна на бугарската полиција се убиени македонските синови Мирче Ацев и Страшо Страхил Пинџур.

И двајцата се прогласени за народни херои  на 29 јули во 1945 година заедно со Стеван Наумов – Стив, Орце Николов, Христијан Тодоровски – Карпош и Кузман Јосифовски – Питу

Мирче Ацев е роден во с.Ореовец прилепско 20 октомври 1915 и е израснат во револуционерно семејство. Неговите предци во неколку генерации дале борци за националното ослободување на македонскиот народ. Името го добил по стрико му Мирче Ацев, војвода од времето на османлиското владеење во Македонија. Сестрата на Мирче Ацев- Вера Ацева исто така учествувала во НОВ и е прогласена за Народен херој.

Страшо Страхил Пинџур е роден на 3 март 1915 во Ваташа е Македонски револуционер учесник во НОВ.

Бугарските фашисти со клешти им ги корнеле ноктите, им ги сечеле прстите, им кинеле месо од телата во скопскиот затвор.

Бугарските окупатори кога виделе колкав е револтот кај Македонскиот народ од погребот на Мирче Ацев во Прилеп,кога неговите блиски го виделе искасапеното тело,станал голем револт,фашистите никогаш не го покажале телото на Страшо Пинџур, неговото тело било однесено во непознат правец и закопано на тајно место, така што до ден-денес не се знае неговиот гроб.

На тој начин се остварило претскажувањето од неговиот дневник, кој го водел во 1933 г. каде тој запишал: „Јас ќе умрам млад, а гробот нема да ми се знае,,

ВЕЧНА ИМ СЛАВА на Хероите!

За авторот на оваа статија