Главната вина лежи во фактот на недостиг на природен гас и неискористеноста на ветерот.
Насекаде низ Европа цените на електричната енергија драматично се зголемуваат. Потајниот раст на цените од почетокот на годината се претвори во драматичен раст кон крајот на август и почетокот на месец септември на европскиот слободен пазар.
Во првата половина на 2021 година цените на електричната енергија пораснале во 16 земји членки на ЕУ споредбено со првата половина на 2020 година. Најголем пораст на цената на електричната енергија од земјите членки на ЕУ е забележан во Словенија со пораст од 14,8% а најголемо намалување е забележано во Холандија од -10,2% во првата половина на 2021 наспртоти цените во првата половина во 2020 година.
Значајно е да се напомене дека стапката на раст на цените на електричната енергија за домаќинствата и за компаниите се разликува.
На следниот графички приказ е прикажана цената на електричната енергија во евра за киловат час за земјите членки во ЕУ како и земјите европската зона во првата половина од 2021 година за домаќинствата:

Износот на цените за мегават час во некои ебропски земји во месеците мај, јули и август е прикажан на сл. графички прикази во евра.
додека од следниот графички приказ може да се забележи драматичниот скок на цените на ел. енергија во месец септември 2021 година:

Од почетокот на септември во Германија и во Франција цените на електричната енергија пораснаа за 36% и 48%.
Причините за ваквиот драматичен рас на цените на електричната енергија од месец септември до денес се должи на повеќе фактори:
-зголемена побарувачка на струја како резултат на заладувањето на климатските услови,
-зголемувањето на цената на светските пазари на јаглен и природен гас и
-намалувањето на количеството на произведена енергија од ветерници поради намалување на интензитетот и траењето на ветровите.
Ваквите услови кои се одразуваат на цената на електричната енергија во основа зависат од повеќе општествени фактори како што се геополитичката ситуација во Евро-Азија, диверзификацијата на енергетските извори (домашни и од увоз), соодносот на учество на различни видови на производство на енергија за секоја земја посебно, лоши временски и климатски услови, ниво на даноци итн.
Рекордот на зголемувањето на цената е забележан во Ирска во износ од 195,65 евра за мегават час енергија во месец септември.
Намалувањето на цените на струјата кај некои европски земји во првата половина од 2021 година споредено со истиот период во 2020 година се должи пред се на намалувањето на даноците и поврат на сретствата наплатени за данок на струката за домаќинствата.

са
Поврзано
Врховниот суд во Њу Јорк пресуди во корист на невакцинираните кои беа отпуштени од работа
Средба на Ковачевски со турскиот претседател Ердоган
Од ова потажно не може: Џо Бајден игнориран во сопствениот дом- Белата куќа