И повторно по којзнае кој пат нашата држава и надлежните органи и институции и патни власти се изненадени од снегот во месец јануари.
Попладнево по краткотрајни снежни врнежи кои што беа најавени од метеоролозите состојбата со патиштата во источна Македонија стана драматичнa. Главната сообраќајна врска на источниот дел од државата со главниот град Скопје беше со отежнати услови за сообраќај како резултат на краткотрајниот снег кој што создаде огромни проблеми и застој со сообраќајот. На делница на автопатот Миладиновци-Штип се случи поголема сообраќајна несреќа која што целосно го затвори сообраќајот а сообраќајки се забележани и на патот Скопје-Велес.
Поголемиот број на сообраќајки се должи на неприлагодената брзина на возилата на условите на патиштата која што е алармантна поради снежните врнежи.
Голем број на граѓани алармираат преку социјалните мрежи за застои, нарушени сообраќајни услови и метеж по патиштата и улиците.
Состојбата со патиштата и улиците дополнително може да се вложи поради најавените временски услови во наредните денови доколку наделжните не ја подобрат својата работа за спречување на вакви појави.
Поврзано
Лозарите во тиквешијата трпат огромни штети од нефинкционалноста на системот за водоснабдување
Катастрофалниот рејтинг на СДСМ- причина за бегството од избори. Мнозинството граѓани подготвени за избори
После легендарните хвалоспеви за Зоран Заев сега и Димитар Ковачевски може да се вброи во редот на хвалоспевани политичари