НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

Ресторан Царевоселски Делчево
www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.hotelmakedonijadelcevo.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
www.kudgocedelcevdelcevo.mk
ноември 26, 2022

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев во јавноста сподели детали околу динамиката за изградбата на новиот современ градски зелен пазар во Кавадарци.

Станува збор за грандиозен архитектонски објект со мултуфункционални површини со армирано-бетонски и челични конструктивни елементи. По својата функционалност објектот ќе има едно ниво наменето за трговија со зелени земјоделски производи и производи кои што бараат специјални услови з складирање и оперирање со нив како и две нивоа за паркинг простори.

Објектот е фундиран на армирано-бетонска плоча која е стабилизирана со 10 метарски армирано-бетонски колови и армирано бетонски потпорни ѕидови кон околниот терен. Трите  нивоа меѓусебе се поврзани  преку  вертикални  комуникации:  скалници, товарен лифт за достава на роба и помал лифт за луѓе

Изведувач на градежните работи е економскиот оператор „Градба промет“, а проектот за современ покриен пазар е изработен од архитектонското биро „Дизајн центар Инжинеринг“ од Кавадарци.

Општината Кавадарци за изградба на објектот ќе инвестира 102.616.159 денари.

За авторот на оваа статија

>