Градоначалникот на Виница Миле Петков преку социјалните мрежи ја извести јавноста за напредоко на реализацијата на активностите за изградба на фекална канализација за повеќе села во Виница и нивно поврзување на пречистителната станица во селото Мојанци.
Проектот според градоначалникот Петков опфаќа меѓу другите градежни активности и реконструкција на главниот колектор за прием на отпадни води како и изградба на секундарна канализациона мрежа но и изградба на одделна атмосферска канализација по должина на главните сообраќајници низ градот Виница.
Проектот се реализира со поддршка на Швајцарската агенција за соработка и развој во Република Македонија.
“Вчера остварив средба со претставници на Швајцарската амбасада на чело со Клиф Гејмер, регионален советник во Швајцарската агенција за соработка и развој.
На средбата разговаравме за активностите кои се во тек за проектот поврзување на фекалната канализација на Виница и селата Истибања, Јакимово, Градец и Лески со пречистителната станица за отпадни води во село Мојанци.
Овој капитален прoект опфаќа и реконструкција на главниот колектор и секундарната канализациона мрежа и изградба на атмосферска канализација на главните улици во градот.”
-соопшти Градоначчалникот на Виница Миле Петков.
Поврзано
Отчет за проектите на граѓаните на Карбинци: Една Година Градоначалник Виктор Паунов
Општина Лозово-општина без диви депонии е заложбата на градоначалникот Бошко Цветковски
Надлежните служби во Кочани експресно го расчистија сметот кој што беше оставен по панаѓурот во градот