НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

www,agrar.mk
www.intlegis.com
www.palma.mk
www.rcz.delcevo.org.mk
www.bregalnicki.mk
www.digilit.rcz.org.mk
www.destinationdelcevo.mk
www.hope.mk
септември 30, 2023

Македонски Тајмс

Охрабри го светот

Не може со бојкот да се промени поразителната реалност во Македонија! Време е за проактивна улога на Македонскиот народ

Во синоќешната емисија “Заспиј ако можеш” на ТВ АЛФА свое гостување имаше поранешниот вицепремиер во Владата, поранешен амбасадор на Република Македонија во Бразил и политички аналитичар од највисок ранг во државата Ивица Боцевски.

Главна тема во емисијата беше катастрофално-лошо спроведениот попис во 2021 година на кој што над 130 илјади резидентни граѓани не беа попишани и попис во кој што бројките кои беа прикажани не соодветствуваат на реалната слика на демогравска состојба во Македонија. Зборувајки за повеќе суштински работи кои што го опкружуваа самиот попис и намерите и причините за лиферувањето на манипулативни бројки од страна на директорот на државниот завод за статистика Апостол Симовски кој е претставник на актуелната власт во државата како нејзин извршен орган, Боцевски зборуваше и за воопштениот контекст за тоа каде се движи Македонија тековно но и каде треба да се движи во периодот кој следува.

Боцевски се осврна и на неколку клучни моменти од политичка важност во изминатите 5 години кои што допринесоа за целосен бојкот на Македонците во дијаспората на институциите во Македонија. За Боцевски бојкотот на референдумот и бојкотот на институциите на вештачки и насила воспоставената творба “северна” од страна на дијаспората овозможија пораката за ставот на Македонците и односот кон “северна” да биде пренесена на сите нивоа во државата но и во меѓународните рамки.

Според Ивица Боцевски следува период во кој што за многу брзо ќе падне актуелната влада во кој што сите противници на ваквата политика ќе треба да го артикулираат својот политички став низ едно единство на Македонските граѓани, обединети на избори да овозможат убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ. Само на тој начин Македонија може пополека да почне да излегува од оваа бездна во која тоне со секој нов ден со актуелната влада на СДСМ и ДУИ.

За Ивица Боцевски досегашниот бојкот на Македонците во дијаспората на институциите на “северна” е разбирлив и оправдан, но доаѓа период во кој што масовно Македонскиот народ ќе треба да излезе на избори и да се избори за подобра иднина на МАкедонија и Македонскиот народ.

Боцевски зборуваше и за резидентните граѓани во Македонија кои што манифестираат пасивен отпор преку тивок бојкот на институциите на “северна” кои што во недостиг на целосни информации а под притисок на жестоката пропаганда од страна на про-владините медиуми се креира состојба на понатамошен бојкот, со што повторно се овозможува опстојување на актуелната власт на СДСМ и ДУИ чија што коалиција беспрекорно функционира на штета на Македонските национални интереси продадени од функционерите на СДСМ се со цел да опстојат на власт за да можат финансиски да профитираат на грбот на народот, во интерес на ДУИ и нивната непрекината агенда за поделба на МАкедонија.

Целата емисија може да ја погледнете во продолжение (и повеќе пати не е на одмет за работите да станат појасни)

За авторот на оваа статија