Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето обраќање од вонредната седница на Парламентарното собрание на Советот на Европа на која се расправаше за актуелната состојба со војната во Украина, не пропушти да ги афирмира Македонските национални интререси во меѓународната заедница.
Тој во својот говор осврнувајки се на ефектите од војната во Украина која е на удар на руската армија и негирана од страна на официјален Кремљ, направи паралела со негирањето на Македонската државност и идентитет од страна на официјалните бугарски власти.
“Откако започна агресијата и анексијата на Крим во 2014 година секогаш сум ја поддршувал Украина и Украинците во нивната борба за слобода, самоопределување и демократија. Во 21 век кога светот разговара за нови технологии, зелена агенда и развиток на вселенското истражување, никој не можеше да замисли војна. Војна во Европа е најстрашната работа која што можеше да се случи. Затоа силно ја поддржувам украина и затоа треба да го усвоиме овој извештај за последиците на руската агресија кон Украина.
Изминатите два дена, слушам од нашите украински колеги за страдањата со кои се соочуваат. Слушајќи ги овие шокантни сведочења, можам само да направам паралела со судбината и негирањето на македонскиот народ, и вековните спорови со нашите соседи кои биле и се поголеми и помоќни. Со векови нашите соседи ги оспоруваа Македонците како посебна нација, култура и посебен македонски јазик. Ние бевме жртви и протерувани за време на балканските војни и за време на грчката граѓанска војна, и конечно оспорувани во 21виот век. Негирањето на украинскиот јазик и тезата дека Украинската нација се творба на Ленин и комунистите е слична со тезата за негирање на македонската нација и јазик и тезата дека Македонците се творба на Тито и комунистичката коминтерна. Оспорувањето и омаловажувањето на двете нации и јазици има многу сличности и симболика, дури се употребуваат и истите зборови. Ова не беше случајно, што дури и големиот филозоф Францис Фукујама, авторот на легендарната „Крајот на историјата и последниот човек“ вели дека има многу сличности во наративите користени против Македонија и Украина и негирањето на Македонците и Украинците.
Основната вредност на демократијата е дека луѓето одлучуваат за самите себе, но исто така и за тоа кои се и што се. Тоа е цивилизациска придобивка од која нема враќање и кој ниту една војна или блокада можат да ја спречат. Со тоа, слободно можам да им кажам на Македонците дека нашата борба и судбина е слична со украинската и затоа мораме да ги поддржиме со сето наше срце. Ние сме мали и не можеме многу да направиме, но и најмалата поддршка значи многу во овој виор на војна. Во историјата, македонскиот народ секогаш бил на правата страна, ќе бидеме на страната на вистината и во оваа криза и воена агресија, во ова страдање и несреќа што се случува во Украина. Украина ќе победи. Вистината и демократијата ќе победат”,
-соопшти Александар Николиски- потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ос парламентарното собрание на Советот на Европа.
Поврзано
Врховниот суд во Њу Јорк пресуди во корист на невакцинираните кои беа отпуштени од работа
Средба на Ковачевски со турскиот претседател Ердоган
Од ова потажно не може: Џо Бајден игнориран во сопствениот дом- Белата куќа